Работилница за ментално здравје: Стратегии за поуспешни и посреќни тимови на 30.1.2025

KARIERA.mk со задоволство го најавува првиот настан за новата 2025 година како дел од големата кампања за ментално здравје која ја започнуваме уште сега на крајот на оваа година. Овојпат, фокусот е ставен на тимовите и улогата на нивното ментално здравје како приоритет за создавање здраво (опкружување) работна средина.

На 30 јануари 2025 во Скопје, ве покануваме на еднодневна работилница со две докажани експерти на овие популарни теми

  • Розалија Секулоска, магистер психолог и психотерапевт
  • Цветанка Штерјова Бурзевска, психолог и гешталт арт психотерапевт

Во текот на работилницата, ќе разговараме за стратегии како:

✔️ Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа

✔️ Да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес

✔️ Да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување

✔️ Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?

И уште многу популарни теми на агендата за кои ретко зборуваме а секојдневно ни создаваат потешкотии во нормалнато функционирање!

✨ Ставете го вашето ментално здравје и менталното здравје на вашиот тим во преден план!

Ова е настан кој ќе внесе позитивни промени – не само за вас, туку и за вашите колеги и тимови.

📍 Скопје

📅 30.01.2025

🎟️ Early Bird цена: 3.000 денари + ДДВ

📩 Обезбедете го вашето место ТУКА.

Не чекајте – направете го првиот чекор кон поддржувачка и посреќна средина! 🌱

Коментари

Популарно