На ден 30.01.2025 год. во Хотел Панорамика се одржа работилница за ментално здравје предводена од Розалија Секулоска и Цветанка Штерјова Бурзевска докажани експерти во полето на психотерапијата во организација на KARIERA.mk
Во текот на работилницата се дискутираше за стратегии како:
- Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа
- Како да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес
- Како да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување
- Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?
Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Involve Development, Cleanex Professional, NLB, Polyesterday, Alkaloid, Unija Smart Accounting, Pikasa, Cemеtarnica USJE, Maliqi Group, Telelink Infra Services, Marquardt Macedonia, KIEL Macedonia, SilverLeads.co, Wik Makedonija, Штедилница Можности, OKTA AD, Imperial Tobako, Агенција за електронски комуникации, КAM Маркет.
Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!
Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!
Во прилог галерија од фотографии: