Македонецот од Беркли го издаде својот прв албум

Драги Иванов, кој мината година издаде четири песни, ‚‚Успеав‘‘, ‚‚Крута‘‘, ‚‚Спас‘‘ и ‚‚Усни‘‘, вчера, сабота, на 10ти Мај издаде албум на кои им дава нов облик на овие четири песни и шест нови кои заедно го прават ‚‚Небо‘‘. Како и со досегашната негова музика, тој е одговорен за текстовите и музиката, изведбата, аранжманот и продукцијата на песните. Матеја Николиќ е одговорна за графичкиот дизајн, а Сара Стојчевска за сликата.

Во зависност од тоа каде слушате музика, ‚‚Небо‘‘ може да го чуете или на Spotify:

или пак на YouTube:

Некои од песните имаат никулци многу одамна, од пред речиси петнаесет години, додека свирел во својот прв бенд, Ден Рајс, некои од пред шест години, додека патувал да ја посети неговата сестра, некои пред три години, додека работел во сосем друго студио, но големиот дел музички идеи и реализацијата на самите идеи се случиле низ поголемиот дел од 2024 година.

Како дел од албумот, песните што веќе беа издадени имаат мали промени и подобрувања, со што и тие песни имаат некоја своја нова свежина.

Како дел од најавата за албумот, Драги исто така имаше и слушачка промоција во Лабораториум, изминатиов петок, на 9ти Мај, каде се слушаше албумот во целост за прв пат.

Во случај да ја пропуштивте слушачката промоција, тој најавува и концертна промоција на самиот албум, заследете го на социјалните мрежи подолу за да може да дознаете кога ќе се случи и тоа.

Instagram

TikTok

Facebook

Доколку сакате да се потсетите на песните што Драги веќе ги има издадено, подолу се:

‚‚Усни‘‘:

‚‚Спас‘‘:

‚‚Крута‘‘:

‚‚Успеав‘‘:

Како традиција, каде што секогаш споделува благодарност за луѓето кои придонеле на некаков начин кон тоа што го прави, овој пат сподели:

‚‚Сите вие што одвоивте време да ме ислушате, да пробате да ме разберете и помогнете, за вашата подршка и бодрење во целиот процес и директната инволвираност во тоа да се роди ‚‚Небо‘‘, ви благодарам ❤️‘‘

За крај вели, ‚‚досега ова беше мој албум, од сега па натаму е и ваш‘‘.

Коментари

Популарно