Фото: Како изгледал градот Скопје пред земјотресот

На 26 јули 1963 година во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1 070 негови граѓани, биле повредени над 4000 граѓани.

Во продолжение следуваат фотографиите од предземјотресно Скопје кои се преземени од книгата „Skopje – Grad Solidarnosti“ издадена во 1975-та година од НИП Нова Македонија.

(фотографија 1: Дел од сегашниот плоштад Македонија со Камениот мост и просторот кај МОБ / Комерцијална Банка)

(фотографија 2: Сегашната улица Македонија, тогашна „Маршал Тито“)

(фотографија 3: Лево е сега Старата Железничка станица, со булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин)

(фотографија 4: Панорама на централното градско подрачје, со изградбата на денешен ЕВН)

(Фотографија 5: Скопската поплава во 1962-ра година, претходник на земјотресот)

(фотографија 6: Централното градско подрачје за време на поплавата во 1962-ра)

Превземено од; СкопјеИнфо.Мк

Коментари

Популарно