Нови оштетени македонски возила во Грција

sugar-in-gas-tank-1Провокациите и штетите нанесени на македонските туристи кои летото го минуваат во Грција, не престануваат, напротив, заземаат се поголем замав.  Денеска туристи од Скопје не информираа дека претрпеле голема штета на автомобилот откако грчките провокатори им го пробиле резерворарот во текот на ноќта и им истуриле шеќер што предизвикало блокада во работата на моторот кој најверојатно е зарибан- вели Ѕвонко од Скопје родител на едно од девојчињата кои со возилото летувале во Грција.

„Штетата е огромна бидејќи покрај блокадата на моторот кој најверојатно ќе мора да се менува моравме да обезбедиме шлеп служба до нашата граница која не чинеше 350 евра плус шлеп служба од Гевгелија до Скопје“-раскажува Ѕвонко.

Навистина страшно е што се случува во Грција особено во реонот на Солун и Халкидики и грчките власти дозволуваат неофашистичката „Златна зора“ преку своите членови да дејствува како паралелна власт и буквално да ги малтретираат македонските туристи.

Уште пострашно е што македонците упорно заминуваат за Грција за да ги потрошат своите тешко спечалени пари и да доживеат понижување кое започнува уште на границата со покривање на лепенките со ознака МК па до бројни оштетувања на возилата. Што ли ќе биде следно...

Коментари

Популарно