Во Охрид ова лето биле регистрирани три случаи во кои родителите си ги заборавиле своите деца на плажа и си заминале, пишува утрешен „Вест“.

„Спасителите на Црвениот крст, кои биле вклучени во потрагата во сите три случаи, велат дека децата биле на возраст од четири до осум години. Заборавените дечиња биле најдени на плажите кај “Славија” и “Орце Николов” покрај брегот на Свети Стефан“, пишува „Вест“.
Повеќе информации во утрешното печатено издание на „Вест“ или во неговото електронско издание.