Новинарот Томислав Кежаровски е пуштен во домашен притвор, информираат преку соопштение од Основниот суд Скопје 1. Кежаровски ќе остане во куќен притвор до правосилноста на затворската казна, пренесе Дојче Веле.
Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 одлучи мерката притвор на новинарот Томислав Кежаровски да му ја замени со домашен притвор. Со ова е уважена жалбата на адвокатот поднесена против решението со кое а Кежаровски му се одреди притвор до правосилноста на пресудата.
Новинарот Томислав Кежаровски беше осуден на 4,5 години затвор за откривање на идентитетот на заштитен сведок во случајот Ореше.