ФОТО: Фотографии што нашите ѕвезди би сакале да ги снема!

Сите познати личности имаат фотографии на кои не се горди, па така и нашите ѕвезди. Дел од фотките се дел од фотосесии, а дел уловени во незгоден момент. Како и да е, секако би сакале овие фотки да не постојат.

Жаре Бербер

Z1-600x800

Жаре уште пред неколку години направи ексклузивна жешка фотосесија. Се надеваме дека бил свесен што правел во тоа време. Не дека фотографиите изгледаат лошо, туку веруваме дека на многу припаднички на понежниот пол не им е сеедно кога го гледаат градскиот бербер во вакво светло.

Александра Накова

N1

Ова се почетоците на манекенката Александра Накова. Оттогаш Накова доживеа многу трансформации. Се разбира, таа денес изгледа многу, многу подобро во споредба со почетокот.

Боки 13

B1-533x800

Бојан Јовановски алијас Боки 13 не би бил тој ако не ја шокира јавноста. За разлика од многу наши домашни ѕвезди, Боки имаше храброст да се фотографира како од мајка роден. Нормално, тоа наиде на многу остри осуди, но има и такви што го поддржаа.

Елена Ристеска

1111

Дека животот на познатите не е лесен, говорат и овие фотографии на Елена Ристеска, направени пред повеќе од пет години. Но колку што е виновна Елена за ваквиот епилог, толку се виновни и сопствениците на локалот, кои по сè изгледа немале добра вентилација.

Хелена Роза

Helena-2

Ова е водителката Хелена Роза, уловена од папарацо-фотографите на магазинот „Свет“ пред повеќе од шест години. Тогаш Хелена беше позната по емисијата „Експлозив“.

Телеграф.мк

Коментари

Популарно