Емина Јаховиќ: Даниел Кајмакоски нема никакви шанси!!!

На само неколку дена од суперфиналето на Х-фактор, кога ќе биде прогласен победникот на шоуто, Емина Јаховиќ кажа кој очекува да биде победник на шоуто.

emina-jahovic-x-faktor-plakala

Во разговор за српски Курир, таа вели дека се надева на огромно присуство на обожавателите на натпреварувачите во Комбанка рената.

- Мој фаворит за победа е Лукијан. Тој е комплетен Х-фактор, тоа што го бараме, а се надевам дека и публиката ќе го препознае тоа, вели таа.

На констатацијата од српски Курир дека многумина сметаат дека токму Даниел Кајмакоски го има тој Х-фактор, таа тврди дека нашиот кандидат нема шанси покрај нејзиниот Лукијан.

Финалето на Х-фактор ќе се одржи утре, со почеток од 21 часот на Сител телевизија.

Коментари

Популарно