Седумнаесетгодишна малолетничка од Кавадарци пријавила дека била силувана од 18-годишен ваташанец, во неговиот дом.
- Силувањето девојката го пријави заедно со нејзината мајка. Лицето кое е посочено како сторител на делото е лишено од слобода, а истрагата е во тек, потврдија денеска од полицијата, јави МИА.