Дали ќи знаете правата? Ако 3 пати ви се расипе телевизорот под гаранција мора да ви дадат нов

Сервисирањето технички апарати бил најголем проблем на кој се пожалиле македонските граѓани во април годинава до Организацијата за заштита на потрошувачите. Најмногу поплаки имало за мобилни телефони, лап-топ, телевизори, како и производи од бела техника меѓу кои се фрижидери, машини за перење и шпорети.

TELEVIZOR

- Проблемот се јавува во тоа што потрошувачите се уште не знаат дека еден производ, согласно Законот за заштита на потрошувачи, може да се сервисира најмногу трипати и доколку се расипе четврти пат тие имаат право да бараат нов производ или поврат на средствата, информираат од Организацијата за заштита на потрошувачите.

Појаснуваат дека сервисирањето на производот може да трае најмногу 30 дена и дека доколку не се сервисира во тој период, потрошувачите имаат право да бараат нов производ или поврат на средствата.

Како што наведуваат, чести се проблемите кога трговците од најразлични компании не ги почитуваат овие права на потрошувачите и често не им даваат нови производи или поврат на средствата. Организацијата информира дека голем ланец маркети кој продава технички производи направил заблуда кај потрошувачите со тоа што издал флаери со погрешно означени карактеристики на одредени производи, па производителот на тие производи се обратил во Организацијата која реагирала веднаш до Државниот пазарен инспекторат тоа да биде спречено.

Потрошувачите реагирале и на купувањето во интернет продавници и неможноста да остварат контакт доколку не се задоволни од производот што го порачале.

- Проблем кој станува се посериозен се нови интернет продавници кои се или не се регистрирани како фирми во централниот регистар и нудат најразлични производи кои можат да се купат единствено преку интернет. Овие производи се доставуваат по пат на брза пошта, а проблемот се јавува кога потрошувачите не се задоволни од производот или кога добиле сосема друг производ од тој што го нарачале и сакаат да го остварат своето право и да го вратат производот во рок од осум дена. Тогаш тие се доведени во една лоша позиција поради тоа што најчесто контакт со трговецот речиси нема, а најчесто има само еден мобилен телефон кој не е во функција. Така тие не можат да го остварат своето право да го вратат производот во рок од осум дена затоа што немаат информација на која адреса треба да се прати, иако многу често на овие веб страници пишува дека производот може да се користи дури и до 60 дена и доколку потрошувачот не е задоволен може да го врати, наведуваат од ОПМ.

Потрошувачите се пожалиле и на јавните претпријатија и телекомуникациските оператори. Најчесто за сметките кои или им стигнувале однапред или пак воопшто не стигнале, потоа биле нереални сметките за вода и смет или парно.

Чест проблем, посочуваат, се и договорите кои се потпишуваат со телекомуникациските оператори кои содржат пасуси со многу мали букви поради што постарите лица не ни можат да ги прочитаат и се јавува проблем кога некој ќе ги извести што точно потпишале. Секако се уште стандарден проблем е со испораката на топлинска енергија, потрошувачите секојдневно се жалат на превисоки суми за парно, како и за паушалите кои се обврзани да ги плаќаат иако не користат парно греење или често воопшто не ни имаат цевки за парно греење кои поминуваат низ нивниот стан, истакнуваат од Организацијата на потрошувачи.

Потрошувачите се жалеле и на готовата храна што се продава во некои супер маркети бидејќи немало наведено декларација со содржината. ОПМ реагирала до Агенцијата за храна и ветеринарство за да се истакнува декларација со цел потрошувачите да бидат информирани за какво јадење се работи и што содржи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

Популарно