ХОРОСКОП: Дознајте што сте во месечина и што тоа значи

Освен знакот и подзнакот, кои се скекао највлијателни за карактерот и субината на една личност според хороскопот, големо влијание има и месечината.  Доколку не знаете кој знак сте во месечина, проверете на овој КАЛКУЛАТОР.

Fantasy-fantasy-32170032-1600-1000

Еве како вашата месечина влијае на вас:

Месечина во Овен

Месечината во овен во наталната карта укажува на брзоплето и избрзано донесување одлуки и на инстинктивни реакции. Покрај тоа оваа личност може често да го менува расположението и да биде нетрпелива. Кога месечината е во хармонична позиција, тогаш личноста јасно ги изразува своите желби и потреби, независна е и многу активна, па поради овие способности успева да оствари забележливи резултати во работата и отворен и искрен однос во љубовта. Лошите положби на месечината во овој знак, укажуваат на неосновано упатување негативна критика, слабост и егоистично однесување.

Месечина во Бик

Месечината во бик во наталната карта укажува на личност која во емотивна врска се впушта со одредена доза на внимание, па и сомнителност. Оваа личност може бавно да реагира и потешко да остварува подлабок т.е. отворен однос во љубовта, ама кога еднаш се заинтересира за некого станува многу пријатна и достојна за доверба. Во суштина ова е личност која бара стабилност и тежнее кон сигурност во љубовниот однос, но не ги изразува најдобро своите чувства. Во тешките аспекти на месечината, личноста може да биде многу тврдоглава, тешко се прилагодува и не e подготвена на компромис.

Месечина во Близнаци

Месечината во близнаци во наталната карта укажува на способност за изразување чувствата на мудар и интелигентен начин. Оваа личност може да биде многу енергична и принципиелна и во емотивната врска се поставува рационално, смирено и умее добро да се прилагодува и да воспоставува контрола над ситуацијата. Кога месечината во оваа положба е лошо поставена, личноста може да биде со непостојана природа и да има променливи чувства со што остава лош впечаток кај другите. При добрите положби на месечината, личноста може да биде многу аналитична, комуникативна и мудра.

Месечина во Рак

Месечината во рак во наталната карта често укажува на многу емотивна личност, која многу лесно може да заплаче штом ќе ја совладаат силни емоции. Настаните од минатото можат многу силно да влијаат врз неа во сегашноста и врз нејзините одлуки поврзани со идните настани. За неа е карактеристично силното влијание на мајката во детството, посебно во поглед на сфаќањето на моралните вредности. Поради застапеноста на поголема количина на емоции кои личноста ги внесува во сè што работи, постои опасност таа да не може доволно рационално да ги согледа нештата, особено кога месечината е лошо поставена.

Месечина во Лав

Месечината во лав во наталната карта укажува на сензитивна, пријатна и пожртвувана личност, која е полна со живот. Со други зборови ова е личност со јаки и интензивни чувства, која зрачи со позитивна енергија и поседува необична харизма. Поради тоа, прилично е сакана во друштвото, а во љубовта може да биде вистински магнет. Присуството на хармонични аспекти на месечината често укажува на прилично среќна личност, која може да биде многу ефикасна, самоуверена и истрајна. Лошите позиции на месечината можат да укажат на претерана своеглавост, конфузија на чувствата, претерана гордост и чувство на поголема вредност и надмоќност.

Месечина во Девица

Месечината во девица во наталната карта често укажува на личност која побргу би ги потиснала своите чувства, отколку да ги искаже. Оваа личност е срамежлива и ненаметлива и често поради тоа може да го одвлече вниманието од себе. Многу внимателно и вредно работи за да постигне добри резултати, а кога постигнува успех не сака претерано да се фали со тоа и громогласно да го искажува своето воодушевување. Таа работи со стил и скромност. Во случај на лоши позиции, личноста може да биде склона кон песимистично размислување и да има проблеми со самодовербата.

Месечина во Вага

Месечината во вага во наталната карта често укажува на изразена потреба за љубов која на оваа личност ù е од суштинско значење во животот. Овие личности не се воздржуваат на отворен начин да ги изразат своите чувства. Емоционалните реакции се често добро усогласени со разумот, така што личноста во сите прилики најчесто остава впечаток на некој кој е урамнотежен и емоционално интелигентен. Кај поволните положби на месечината во вага, личноста достигнува несебична смиреност и спокојство, така што полесно успева да дојде до благосостојба и до некои наизглед недостижни цели, токму поради својата разбраност и мудрост. Кај лошите положби на месечината, изразена е опасноста од склоност кон меланхолично однесување, особено доколку постојат проблеми на полето на љубовта.

Месечина во Скорпија

Месечината во скорпија во наталната карта укажува на тешко искажување на емоциите. Оваа личност е истовремено и многу страсна и многу ранлива, така што повеќе гледа да ги искажува емоциите на скриен и индиректен начин за да се заштити од евентуално емотивно разочарување. Тврдоглава е, поради што може многупати да работи на своја штета. Кога месечината во оваа положба е лошо аспектирана, оваа личност може потсвесно во љубовните врски да тежнее кон доминација што никако нема да ù се допадне на другата страна. Меѓутоа при присуството на хармонични аспекти, личноста кон работите приоѓа со голема количина на љубов и страст, а во љубовта повеќе е свртена кон остварување на долготрајна врска, отколку кон кратки авантури.

Месечина во Стрелец

Месечината во стрелец во наталната карта често укажува на отворен, филозофски и многу позитивно настроен тип личност, независна и оригинална во размислувањето, која исто така го цени и мислењето на другите луѓе. Во љубовта ги изразува своите најдлабоки чувства на по малку резервиран начин. Кога месечината во оваа положба е добро насочена, тоа укажува на личност со изразена самодоверба и способност на сите неволји и проблеми во животот да приоѓа на еден многу рационален и храбар начин. Исто така во овој случај е присутен и огромен оптимизам со чија помош личноста успева да реши и наизглед нерешливи проблеми.

Месечина во Јарец

Месечината во јарец во наталната карта укажува на личност која е резервирана и која не сака претерано со зборови да ги искажува своите чувства. Вредна и дисциплинирана, оваа личност има многу озбилен и зрел пристап кон животот, поради што често може да делува позрело во однос на своите врсници. Свесна е за своите квалитети и ограничувања. При присуство на лошите аспекти на месечината во јарец може да се јави песимистички поглед на животот, додека во случај на хармонични аспекти постојат нагласени можности личноста да биде голем авторитет или на добро платена функција на работа.

Месечина во Водолија

Месечината во водолија во наталната карта неретко укажува на личност која ја привлекува сè што е невообичаено и несекојдневно. Таа себеси се доживува како доброчинител и како некој кој има потреба да застане на страната на послабите. Дури и како возрасна личност, настроена е кон бунт и сака да направи сè што е во нејзина моќ да ги смени работите т.е. во некоја смисла да ги подобри. Кога месечината е добро поставена, укажува на голема принципиелност и традиционално всадени вредности. Лошо поставената месечина укажува на тоа дека личноста на другите може да им делува ладно и недостапно, најчесто поради тешкото изразување на внатрешните чувства. Причината за ваквото однесување може да се најде во тоа што при присуството на лошите положби може да биде обесхрабрена и без доволно самодоверба.

Месечина во Риби

Месечината во риба во наталната карта укажува на многу сензитивна личност, која често се раководи според своите чувства. Поради силното влијание на емоциите, оваа личност може да биде недоволно објективна. Врз нејзиното расположение влијае околината, така што врз неa можат да се пренесат негативните и позитивните чувства од другите луѓе.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска вашата иновација доаѓа до израз. Размислете за нови идеи и стратегии кои можат да го подобрат вашиот бизнис. Фокусирајте се на романтичните моменти со саканата личност. Покажете ги вашите чувства и бидете искрени. Внимавајте на вашиот имунолошки систем. Витамините и здравата исхрана ќе го зајакнат вашето тело.

Бик

Бикови, денеска фокусирајте се на долгорочните цели на работа. Поставете јасни цели и работете постепено за да ги постигнете. Бидете внимателни со саканата личност. Покажете интерес за нивните емоции и потреби. Внимавајте на очите. Редовните паузи од екраните и вежбите за очи може да го подобрат вашиот вид.

Близнаци

Близнаци, бидете трпеливи и тактични во деловните преговори. Дипломатијата ќе ви помогне да ги решите конфликтите на работа. Денес е добар ден за комуникација. Разговарајте со саканата личност за вашите очекувања и планови за иднината. Внимавајте на дишните патишта. Вежбите за дишење и престојот на свеж воздух ќе ви ја подобрат виталноста.

Рак

Ракови, денеска е поволен ден за преговори за зголемување на платата или дополнителни бенефиции на работа. Бидете храбри и изнесете ги вашите аргументи. Поминувајте повеќе време со саканата личност. Романтичните гестови ќе ја зајакнат вашата врска. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата ќе ви помогнат да се справите со стресот.

Лав

Лавови, вашата посветеност и работна етика ќе ве издвојат на работа. Бидете фокусирани на вашите задачи. Денеска бидете внимателни кон саканата личност. Покажете ја вашата чувствителност и изразете ја вашата љубов преку мали гестови на внимание. Внимавајте на срцето. Редовната физичка активност ќе ја подобри вашата срцева издржливост.

Девица

Девици, бидете организирани и почитувајте ги роковите на работа. Ефективното управување со времето ќе ја подобри вашата продуктивност. Денес фокусирајте се на разбирање на саканата личчност. Емпатијата ќе ја зајакне вашата врска и ќе создаде хармонија во љубовта. Внимавајте на мускулите. Редовните вежби за истегнување ќе ја подобрат вашата подвижност.

Вага

Ваги, денеска е добар ден за размена на идеи со колегите. Креативната соработка ќе донесе нови перспективи на работа. Бидете отворени за компромиси во врската. Разговарајте за проблемите и наоѓајте решенија заедно. Внимавајте на сонот. Добриот одмор е клучот за враќање на вашата енергија.

Скорпија

Скорпии, бидете храбри и изразете ги вашите креативни идеи на работа. Вашата иновација ќе биде ценета. Ве очекуваат страсни моменти. Уживајте во интимните моменти со саканата личност и изразете ги своите фантазии. Внимавајте на вашиот имунолошки систем. Витамините и здравата исхрана ќе го зајакнат вашето тело.

Стрелец

Стрелци, денеска бидете трпеливи и истрајни во деловните преговори. Дипломатскиот пристап ќе ви помогне да постигнете договор. Бидете искрени со саканата личност. Отворената комуникација ќе ја зајакне вашата врска. Внимавајте на стомакот. Избегнувајте тешка и мрсна храна за да го одржите вашето дигестивно здравје.

Јарец

Јарци, денеска ќе се забележи вашата посветеност на работата. Бидете упорни во остварувањето на целите на работа. Денеска е ден за романтични состаноци. Поминете квалитетно време со саканата личност и изразете ја својата љубов. Внимавајте на коските. Внесувањето на калциум и редовното вежбање ќе ги зајакнат коските.

Водолија

Водолии, бидете отворени за нови идеи и предлози од колегите. Тимската работа ќе ве доведе до заеднички успеси. Внимавајте како се однесувате со саканата личност. Покажете ја вашата благодарност за поддршката што ја добивате. Внимавајте на сонот. Квалитетниот одмор ќе ви ја подобри енергијата и расположението.

Риби

Риби, денеска фокусирајте се на долгорочни цели. Вашата посветеност ќе ве доведе до успех на работа. Денес е ден за длабоки разговори со партнерот. Отвореноста и искреноста ја зајакнуваат вашата врска. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска креативноста е на врвот. Искористете ја за нови проекти и не плашете се да преземете иницијатива. Денеска чувствувате потреба за слобода во врската. Отворената комуникација со саканата личност ќе ви помогне да избегнете недоразбирања. Внимавајте со физичката активност – можни се повреди. Направете пауза за да си ја вратите енергијата.

Бик

Бикови, денеска е добар ден за финансиски потези. Можностите за заработка постојат, но важно е да бидете практични. Стабилноста во врската е клучна за вас денеска. Саканата личност ве поддржува, затоа искористете г времетоо за подлабоки разговори за заедничките планови. Добро се чувствувате, но не заборавајте за хидратација и урамнотежена исхрана.

Близнаци

Близнаци, денеска е можен неочекуван предизвик, но вашата способност за прилагодување ќе донесе позитивен исход. Љубовната врска денес е исполнета со возбуда. Неочекувани состаноци или пораки ќе ве израдуваат. Бидете внимателни со настинките. Зајакнете го вашиот имунитет и облечете се слоевито.

Рак

Ракови, денеска деловната ситуација е стабилна, но избегнувајте да донесувате важни одлуки. Фокусирајте се на деталите. Денеска сте емотивно почувствителни. Разговарајте со саканата личност и избегнувајте конфликти. Ви треба повеќе сон и одмор. Одморете се од стресот и фокусирајте се на себе.

Лав

Лавови, вашата харизма ви помага денес во преговорите и постигнувањето на целите. Бидете самоуверени, но не премногу импулсивни. Страста е нагласена, но внимавајте да не претерате со посесивноста. Саканата личност ја цени вашата љубов и внимание. Енергијата ви е добра, но не заборавајте за рамнотежа и правилна исхрана.

Девица

Девици, денеска е клучно да се биде организиран. Држете се до распоредот и избегнувајте непотребни заобиколувања. Пријатен ден за љубов. Можни се искрени разговори со саканата личност кои водат до уште поголема доверба. Добро се чувствувате, но внимавајте на респираторните патишта и избегнувајте студени места.

Вага

Ваги, можни се нови можности преку контакти и соработки. Бидете подготвени да ги земете предвид предлозите на другите. Можна е хармонија во врската, но бидете отворени за компромиси. Важно е да ги разберете потребите на вашата сакана личност. Најдете начин да се ослободите од стресот – прошетката или медитацијата ќе ви бидат пријатни.

Скорпија

Скорпии, денеска сте фокусирани и успешни во решавањето на предизвиците. Следете ги вашите инстинкти. Страста е присутна, но и напнатоста. Обидете се да бидете отворени и сочувствителни во комуникацијата. Внимавајте на нивото на енергија и сигналите што телото ги испраќа.

Стрелец

Стрелци, денеска можностите за надоградување и обуки се пред вас. Користете ги за личен развој. Авантуристички дух ве води денес. Саканата личност ја цени вашата спонтана енергија, но внимавајте да не претерате. Енергијата е силна, но внимавајте на исхраната и избегнувајте претерано стимулирачки пијалаци.

Јарец

Јарци, денеска деловните планови ќе се развиваат бавно, но стабилно. Фокусирајте се на долгорочни цели. Стабилноста во врската ви носи чувство на сигурност. Покажете ѝ благодарност на вашата сакана личност преку мали гестови. Можни се проблеми со зглобовите. Вежбите за истегнување можат да помогнат.

Водолија

Водолии, денеска е идеален ден за креативни проекти. Слободно изразете ги вашите идеи. Вашата спонтаност го воодушевува вашиот партнер денес. Заедно истражувајте нови активности и освежете ја вашата врска. Се чувствувате добро, но избегнувајте премногу активности во доцните часови за да заштедите енергија.

Риби

Риби, денеска фокусирани сте на задачи и детали. Вашата интуиција ќе ви помогне да донесете правилни одлуки. Денес сте особено чувствителни. Саканата личност ќе ја цени вашата нежност и внимание. Внимавајте на варењето. Лесна исхрана и внес на течности ќе ве задоволи.

Три хороскопски знаци кои секогаш го гледаат само најдоброто кај луѓето, дури и кога не го заслужуваат тоа

Постојат хороскопски знаци кои, без разлика на сè, секогаш наоѓаат добрина кај секого. Родени се оптимисти, веруваат дека светот е полн со добри намери и луѓе кои можат да бидат подобри. Додека другите би можеле да ги кренат рацете, овие знаци секогаш ја гледаат добрата страна и цврсто се држат до верувањето дека има добро во секого.

Еве ги хороскопските знаци:

Риби

Рибите се вистинските сонувачи за Зодијакот, а нивната емпатија и сочувство немаат граници. Тие го бараат нежното и невиното во секого, секогаш верувајќи дека секој човек е способен за љубов и добрина. Тие имаат тенденција да идеализираат, па често ќе гледаат потенцијал кај луѓето што другите тешко го забележуваат. Иако понекогаш може да ги повреди, Рибите цврсто веруваат дека светот станува поубав кога луѓето се покажуваат во најдобро светло. Кога некој ќе им предизвика болка, Рибите во тоа ќе гледаат само несреќни околности. Нивното срце е секогаш отворено за втора шанса, дури и кога другите едноставно би рекле – доста!

Вага

Вагите се природни миротворци и сакаат рамнотежа и хармонија во сè, па често ќе им даваат шанси на луѓето дури и кога другите ќе кренат раце. Вагата е оптимист кога се во прашање луѓето. Верува дека секој има добра страна, дури и ако треба да ја барате малку подлабоко. Вагите ја сакаат поврзаноста и се грижат за добрите врски, па затоа ќе вложат труд да ги разберат и најкомплицираните луѓе. Кога некој ќе ги разочара, Вагите долго ќе бараат изговори и ќе замислат како оваа личност би можела да биде подобра верзија од себе. Со насмевка и разбирливо срце, тој секогаш ќе најде начин да го види најдоброто во секого, само поради желбата за хармонија.

Стрелец

Стрелците се родени оптимисти и сакаат да ги гледаат луѓето низ објективот на потенцијалот и инспирацијата. Секогаш ќе дава втора шанса, трета и четврта, ако треба. Стрелецот сака да истражува и често кај секого ќе види можност за раст и авантура, убедени дека во секое срце се крие добра намера. Дури и кога некој ќе ги повреди, Стрелецот ќе го сфати тоа како лекција и ќе продолжи да верува во најдоброто. Тие веруваат дека светот е поубав кога на сите им даваме можност да се покажат во најдобро светло, па Стрелецот секогаш ќе гледа на посветлата страна и на тој начин ќе најде нешто достојно за восхит кај секоја личност.

Популарно