Бугарија зборуа за пријателство, а нивниот историчар за непостоење на Македонците

Во време кога Македонија и Бугарија работат на приближување на двете земји, на изготвување на Договорот за добрососедство, на кој инсистира Софија за потврда на добрите односи, бугарскиот државен службеник, директорот на Националниот историски музеј, историчарот Божидар Димитров, одново излезе со тврдењето дека македонизмот е вештачка творба наметнат со сила и дека треба да се даде пред судовите во Стразбур и во Хаг за да се признае како злосторство против човештвото.

940FF7A9AAEE3E45B37F26517F1C27CB

„Со нив не може да се разговара сериозно. И затоа мислам дека поради македонизмот, наложен со сила, треба да преземеме соодветни постапки пред Стразбур или Хаг за да се квалификува како престап против човештвото“, вели Димитров во својата последна анализа во весникот „Политика“..

Тој натаму тврди дека македонската нација, јазикот и државата се создадени во 1944 година за време на тоталитарната диктатура на Kомунистичката партија на Југославија и тоа по цена на многу жртви, безмилосно перење мозоци, како и со закони без преседан во светската пракса. Таков, вели тој, бил законот за македонска национална чест, според кој, кривично дело било да припаѓаш на друга нација.

- Според овој закон, ако сакаш да се наречеш Бугарин во Македонија, добиваш три и пол години затвор за навреда на македонската национална чест – тврди Димитров во својата анализа.

Kако државен службеник на Бугарија, тој сигурно подобро знае што се случувало во неговата земја ако некој се нарече Македонец, исто како што знае што значи да се регистрира политичка партија на Македонците во Бугарија.

Ставовите на Димитров биле познати, па никој не ги коментира

Ставовите на Димитров, според бугарските аналитичари, се добро познати и ретко кој од нив сака да ги коментира, иако се работи за прв човек на државна институција што е во надлежност на министерството за култура, кој претходно беше и министер без портфељ во владата на Бојко Борисов од 2009 до 2011 година и беше одговорен за Бугарите во странство.

Од министерската функција беше сменет поради соработка со поранешната државна безбедност за која бил врбуван уште во 1973 година, односно откако беше лустриран.

- Ставовите на Димитров не се нови. Тој навистина е директор на националниот историски музеј, ама кај нас директорите се многу послободни и си дозволуваат да кажат многу работи - вели универзитетскиот професор Наум Kајчев додавајќи дека Димитров како личност има екстремни ставови и тези за македонското прашање.

Неговиот став е дека сепак и ние и тие треба да се концентрираме на позитивните работи што н` обединуваат.

Без коментар остана и европратеникот Андреј Kовачев, токму од партијата на Борисов, во чија влада беше Димитров, кој кусо ни изјави дека не сака да го коментира бидејќи тој така си зборува. Сепак, додава дека од двете страни има провокации, дека Бугарија ја провоцира минатото, а единствениот начин тие да се надминат е европска интеграција на Македонија за да се надмине идеологијата од минатото.

- Во Македонија има тешки теми од минатото, исто како и кај нас. Но, како било - било, сега има нови поколенија, тие можат да се идентификуваат како сакаат, ама проблемот е што со минатото се провоцира Бугарија – вели Kовачев.

Kого провоцира тогаш Димитров со тврдењето дека македонизмот бил наметнат со репресии на над 150 илјади Бугари во Македонија.

- Затоа би требало да се провери дали е тоа геноцид. Наместо да ги галиме со пердуви по главата, добро е да ја осудиме Македонија за геноцид на дел од бугарските граѓани.

Бугарски историчар неофицијално вели дека ваквите изјави не помагаат и дека со нив само се крева врева бидејќи некој сака тоа да го прави. Но, не може да се избегне впечатокот дека таквото кревање врева од едната страна автоматски ќе повлече иста таква врева од другата страна. А кому му оди во прилог вревата ако сите велат дека сакаат приближување и односи какви што им прилегаат на најблиски соседи.

Распалување на односите по потреба

Македонскиот историчар Тодор Чепреганов смета дека ваквите ставови се користат одвреме-навреме кога ќе треба да се распалат односите.

- Kако историчар, нека му служи на чест што зборува така. Kако може во 21 век тој да зборува дека македонизмот е вештачка работа и е нешто измислено. Kако може идентитет на некој народ да биде даден на суд во Стразбур. Kако може нешто што е сосема природно право некој да се нарече како сака и некој во 21 век тоа да го негира – вели Чепреганов.

За него, не е чудно што тоа го зборува директор на државна институција и што властите не реагираат.

- Бугарија има зацртана стратегија која е објавена уште во 2008. Ова што го зборува Димитров е забележано во таа стратегија. Значи, тоа е државна политика која треба да ја спроведуваат дека во Македонија живеат Бугари и треба полека да се освестуваат и да се вратат - објаснува Чепреганов.

Што се однесува до злосторствата против човештвото, тој му порачува прво да ги види злосторствата што ги направиле Бугарите над Евреите во Македонија и да се потсети на стрелањето на ваташките деца, на пример.

- Зошто да не зборуваме за тие злосторства против човештвото. Зошто бегаат од тие вистини наместо тој сега да вели дека ќе го дава на суд македонизмот. Тотална глупост – коментира Чепреганов.

Македонизмот му пречи и на Папулјас

Бугарскиот историчар Димитров не е единствениот кому му пречи македонизмот. Ист таков став изнесе и грчкиот претседател Kаролос Папулјас лани во Белград кога порача дека се додека Скопје инсистира на идеологијата на македонизмот, вратите на НАТО ќе останат затворени, а европската интеграција замрзната.

Чепреганов: Соседот треба да ни помогне, а не да не негира

Добрососедство не се гради на тој начин. Соседот треба да ни помогне, а не да н` негира. Не може во 21 век некој да ја негира мојата индивидуалност, мојата култура, јазикот. Тоа е апсурд.

За добрососедство не може само едната страна да прави како сака, мора пред с` да се почитуваме да се толерираме и да си ги признаеме различностите што ги имаме. Неоспорен е фактот дека во Бугарија имало голема македонска имиграција, но историјата покажа дека македонската нација и без држава успеа да опстане, објаснува професорот Чепреганов.

- Наместо како соседи да ни помогнат, прават нешто со што сакаат да предизвикаат негативна реакција – додава тој.

(Дневник)

Патникот имал билет, екипажот ги прекршил правилата

36-годишниот Андонис Кариотис, загина синоќа во бизарна несреќа кога членовите на екипажот на траектот „Блу хоризонт“ го турнаа во морето во Пиреја. Неговиот брат Никос Кариотис во реакцијата што ја пренесуваат грчките медиуми, изрази шокираност и не може да поверува дека Антонис исчезнал за неколку секунди на патувањето на кое често одел.

Тој за весникот Прототема открива дека неговиот брат извадил билет за кобното патување, но задоцнил при пристигнувањето на пристаништето.

-Не би одел без билет. Имаше билет и доцнеше. Како што разбрав, задоцнил на пристаништето и не го пуштале на траектот. Замина на одмор во Атина. Често патуваше, со години одеше на прошетка во Атина да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Тој работеше овде, на Агиос Николаос – вели братот на 36-годишниот патник што загина синоќа.

Според првичните информации, мажот имал билет за траектот што патувал од Атина за Ираклион на Крит, но задоцнил и усеал да се качи во последен момент кога траектот го напуштал пристаништето, но тогаш бил брутално турнат од луѓето од екипажот во морето од акде подоцна е изваден мртов.

Инцидентот на траектот во Атина бил снимен од еден од патниците. На видеото се гледа како 36-годишниот маж се обидува да се качи на бродот и успева да скокне на рампата непосредно пред поаѓањето на траектот по што влегува во физичка пресметка со двајца мажи од екипажот и паѓа во морето во моментот кога траектот веќе го напушта пристаништето.

Четворица членови на екипажот се уапсени и обвинети за убиство од небрежност, а денеска ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

-По трагичниот настан, не се преземени никакви планирани дејства за спасување на лицето што падна во морето. Во никој случај не фрлајте човек во морето кога ќе се качи на бродот, дури и да е бегалец. Одговорноста е целосно кај луѓето што биле на рампата, кои очигледно го турнале. Кога го виделе во морето, не ги почитувале пропишаните процедури за негово спасување. На брод што веќе плови никого не туркате назад и, дефинитивно, го известувате капетанот да го прекине процесот на пловење. Имаме процедура, вели во изјава за грчките медиуми, искусниот капетан Сидерис Мамидис.

ХЕРОЈ: Маж истрча од кола и му го спаси животот на момче кое се гушеше

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче кое се враќало од лекар во Обреновац, кое било покрај себе кога на детето среде возење и се слошило. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

– Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој – рече Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на бебето сега му оди добро.

– Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици – потврди јунакот Марко, кој го легна детето на тревата за да го спаси.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се се завршило добро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Популарно