Благица Павловска: Бог ми го донесе вистинскиот маж!

Легендата на македонската фолк музика, пејачката Благица Павловска по некое време апстиненција од љубовен живот и мажи, конечно го пронашла вистинскиот маж кој комплетно ја исполнува.

blagica-pavlovska

Благица Павловска во моментов е среќна и заљубена. Фолкерката која извесен период апстинираше од мажи и му се посвети на Бога и христијанството, вели дека конечно го нашла вистинскиот човек за неа кој комплетно ја исполнува во секоја смисла на зборот.

"Јас долго време бев сама и другарував единствено со Бога. Успеав да се исчистам од сета негативна енергија која ме опкружуваше и поради тоа големиот Бог ми го донесе вистинскиот човек за мене. Не сум сама, но не сакам да откривам многу детали околу тоа. Среќна сум и тоа е најважно. Знаете, има многу љубоморни и завидливи луѓе на кои им пречи нечија среќа. Поради тоа не сакам да зборувам за приватноста и љубовниот живот", рече фолкерката.

Освен што е љубовно исполнета, Благица, исто така, е и духовно препородена. Имено, таа има моќ да шири позитива и преку медитација ја пренесува својата енергија која ја има во големи количини.

"Ја имам таа моќ да ја пренесувам мојата енергија на оние луѓе на кои им недостасува. Знаете, тоа не може да го разбере секој. Се прави исклучиво по пат на медитација и верба во Бога. Живееме во лошо време, сите се алчни и повеќе не постои љубов и разбирање. Ни недостасува позитивна енергија. Поради тоа решив да ја споделам мојата и да им ја дадам на оние луѓе на кои им треба", вели Павловска.

1110

Таа планира наскоро да напише и автобиографија која ќе се вика "Горка вистина".

"Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката. Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста. Насловот веќе го знам, а наскоро ќе почнам и со пишување на истата", додаде Благица.

Оваа сабота таа ќе настапи на Валандовскиот фестивал и тоа со љубовна песна, а веќе од идната планира да влезе во студио каде ќе почне со снимање на нов материјал кој треба да излезе кон крајот на годинава.

ФОТО: Погледнете што и порача Сека по секс скандалот на Дара Бубамара

Откако после објавеното експлицитно видео на Дара Бубамара се огласи Сека Алексиќ, експресно возврати и првата.

Имено, Сека не ја прозва директно својата колешка, но се претпоставува дека пораката била наменета токму за нејзе.

-Поединци да се изгаснат од социјалните мрежи, напиша Сека.

Меѓутоа, реакцијата на Бубамара била многу пожестока. Таа исто така коментарот не го насочи директно кон Сека Алексиќ, но се верува дека пораката се однесувала токму за нејзе.

-Дебела, дудлај го тој клип и ќути, напиша Дара БУбамара.

ФОТО: Погледнете како изгледа денес познатата актерка Јагодинка од „Лажливо лето 68“

Познатата Јагодинка Симоновиќ која сними неколку култни сцени во филмот „Варњиво лето 68“ имала само 27 години.

Осум години подоцна бега од Србија, а пред пет години повторно се вратила.

Сега е професорка на Факултет за драмска уметност, филмски смер, а еве како изгледа денесска Драгана Врагиќ, неколку децении после снимање на филмот.

Со оваа изјава Северина ги запрепасти припадничките на понежниот пол

Северина сите ги запрепасти со својата порака за 8. Март, па се појавија лавина коментари.

- Секоја жена треба секој ден да има Ден на жената. Успешните жени не би требало ништо да работат според мене. Секоја успешна жена треба да има мир и да се негува. Многу задачи си зададовме, ни треба само мир и негување, а не кариера, истакна Северина и сите ги зачуди.

Популарно