РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Ова се потребните документи

Германија, најсилната светска економија е сон на многу луѓе во светот, посебно од државите во кои економиите се сеуште во разој. Доколку и вие сте размислувале да си ја пробате среќата во центарот на економска Европа, ова треба да го знаете.

20130220-kako-da-stignete-do-potrebnite-kvalifikacii-za-rabota-vo-germanija-360
Доктори, доктори специјалисти и ветеринари од Балканот можат да работат во Германија откако ќе им бидат проверени дипломите дали се усогласуваат со германското законодавство. Во поголем дел потребно е да се положи и дополнителен испит-апробација. Ако сакате да работите во Германија како доктор, доктор-специјалист или ветеринар, забар, терапевт потребна ви е државна дозвола. Во рамки на постапката за апробација државата Германија проверува далi вашата академска титула одговара на германската академска титула. Апробацијата се издава доколку се покаже дека вашето стручно образование одговара на германското образование по истата струка. Постои и можност да работите без апробација-ако поднесеното барање за издавање на временско ограничување на дозволата за работа е во максимално траење од две години која се продолжува само со исклучителни поединечни случаи. За работа без апробација доволен е само доказ за стекната диплома за студиите за кои се бара. Оваа процедура е ограничена само на одредени работни места. На пример работа без апробација може да се добие на таканаречени дефицитарни струки, за кои експерти и стручњаци се потребни итно. Во секој случај за време на ваквата работа, после одредено време секој има право да поднесе барање за апробација. Која е процедурата за добивање на апробација Барање за апробација можете да поднесета ако сте ги завршиле студиите кои одговараат (медицина, стоматологија, психологија, ветерина). Надлежната канцеларија проверува дали вашата доплома е еднаква на германската диплома. При проверка на дипломата се зема во предвид и работното искуство кое го имал апликантот во сопствената земја или во странство. Тоа може да ги изедначи разликите кои се востановени во стручното образование. Кога станува збор за психотерапевти, апробацијата се темели на полагање на германски државен испит. Во прилика на проверкаа се зема во предвид и познавањето на германски јазик. Можни резултати на проверката Идеалниот резултат од проверката е ако надлежната канцеларија заклучила дека вашата академска диплома е еднаква на германската диплома и дека вашето знаење на германскиот јазик е доволно за раст. Поставување на условите: Надлежнатата канцеларија востановила дека постојат значајни разлики помеѓу вашата академска диплома и дипломата која одговара на германската. Во тој случај од вас се бара да полагате посебен испит. После успешното полагање на посебниот испит се издава апробација. Во случај ако не го положите испитот, тој може повторно да се полага. Документи потребни за апробација -Доказ за идентитет (лиучка карта или пасош) -Кратка биографија -Заверена копија од дипломата и евентиално други потврди за стручни квалификации -Табеларен приказ на степен на образование и работни позиции на кои сте работеле-доколку има -Потврда за вработување-ако сте ја имале -Потврда дека во вашата земја можете да работите како доктор и документ од кој може да се види дека имате намера да работите во Германија (потврда или повик од иден работодавач) -Потврда за лекарски преглед не постар од еден емсец -Потврда дека не сте казнет -не постара од еден месец Доколку не се преведени на германски јазик мора да се поднесе и заверени преводи и потврди на германски јазик. Има и државни канцеларии кои не бараат заверени потврди на нотар, туку само копии и контакт со канцеларијата која е надлежна за вас.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно