ФОТО: Внимавајте како возите - од овде се снима секое ваше движење!!!

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, денеска и официјално го пуштија во пробна работа новоопремениот Центар за управување и контрола на сообраќајот, којшто е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица. Со Центарот се веќе поврзани 30 крстосници во градот од коишто може да се врши прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, 24 часа седум дена во неделата, може да се управува семафорскиот систем, односно семафорите може да се исклучат или да се префрлат да работат на жолто трепкаво светло, може да се следи работата на светлосните сигнали во реално време и може визуелно да се набљудува сообраќајот.

cuks-otvoranje-26.07-4_0

Формирањето на овој центар е дел од проектот за Автоматизирано управување на сообраќајот во Скопје кој почна да се реализира на почетокот на оваа година и е финансиран со заем од Европската банка за обнова и развој во износ од 2,6 милиони евра, грант од ЕУ ФП7 програмата за истражување и развој, во рамки на проектот ЦИВИТАС РЕНЕСАНСА (CIVITAS RENAISSANCE), во износ од околу 220.000 евра, како и со техничка помош од Австриската влада во вредност од околу 700.000 евра.

2500monitori2

- Главните функции на Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе бидат прибирање на податоци за сообраќајот во реално време, управување со семафорскиот систем, визуелно набљудување на сообраќајот, давање приоритет на возилата од јавниот градски превоз и информирање на возачите. За таа цел на околу 90 крстосници во коловозот се инсталираат детектори кои ќе бројат и детектираат возила, се поставуваат 50 камери преку кои ќе се врши визуелен мониторинг на сообраќајните токови и се инсталираат 47 нови семафорски контролери. За меѓусебно поврзување на крстосниците, како и нивно поврзување со Центарот за управување и контрола на сообраќајот е предвидена оптичка мрежа која треба да овозможи пренос на податоците до Центарот за управување и контрола на сообраќајот и обратно. Со овој проект е предвидено и да се постават 5 сообраќајни знаци со променлива содржина кои ќе ги информираат возачите за состојбата со сообраќајот во реално време. Со формирањето на овој Центар, на крстосниците ќе се воведе адаптивна контрола на сообраќајот. Тоа значи дека во иднина семафорите на овие крстосници ќе работат во зависност од сообраќајното оптоварување, односно зеленото светло нема да биде фиксно како што е денес, туку ќе биде променливо во зависност од бројот на возила кои поминале преку детекторите инсталирани во коловозот – рече градоначалникот Трајановски.

cuksotvoranje26.072

Тој нагласи дека со реализацијата на овој проект ќе се намали времето на патување и времето на чекање за поминување на крстосниците, ќе се намали загадувањето од сообраќајот на животната средина и потрошувачката на гориво, а ќе се зголеми комерцијалната брзина во јавниот транспорт.

Изведувач на работите е СВАРКО СИСТЕМС (SWARCO SYSTEMS) од Германија, додека софтверот за адаптивна контрола и управување на сообраќајот е набавен од МИЗАР Аутомационе (MIZAR Automazione S.p.A) од Италија.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно