МАША, МЕДО И ДОМИ НА ЕДУКАТИВНА ТУРНЕЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА!!!

Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца, од 18 април до 7 јуни ќе ги забавувуваат и едуцираат децата во рамките на проектот што го организираат продукцијата „Сцена“ и издавачката куќа „Култура“ во соработка со „Еуролинк осигурување“. Во споменатиот период ќе биде изведена театарската претстава „Веселата училница“, наменета за деца од предучилишна и рана школска возраст, а инспирирана од постојаниот страв на децата од започнување на училиштето.

masa medo

Едукативниот караван почнува во Битола (18 април), а потоа продолжува во Охрид (19 април), Гевгелија (25 април), Струмица (26 април), Кавадарци (16 мај), Велес (30 мај), Куманово (31 мај). Проектот завршува со изведба на „Веселата училница“ во Скопје, на 7 јуни, во Македонската опера и балет. Во сите градови претставата започнува во 12.00 часот.

Целиот настан, освен забавен, има и едукативен карактер. Целта е низ репликите на учителот, учениците и Маша и Медо, децата од најрана возраст да се воведат во училишната атмосфера. Главната актерска екипа се состои од Марко Новески, Бојан Велевски и Соња Стамболџиоска, како и детските ликови Маша и Медо, Џеронимо Стилтон и полжавчето Доми. Претставата е во режија на Игор Ивковиќ.

Компанијата „Еуролинк осигурување“, во рамките на проектот, поставува и забавен едукативен караван во вид на училишен двор, во кој децата, заедно со полжавчето „Доми“ од осигурителниот продукт „Доми Комплет“, ќе можат да се дружат и активно да учествуваат во низа интерактивни игри и да освојат награда. Особено интересна е играта „Не лути се Доми“ каде што децата ќе бидат во улога на фигури и ќе се движат по големо платно во манир на познатата игра „Не лути се човече“. Училишниот двор се поставува од 11.00 до 14.00 часот во секој град каде ќе се одржуваат претставите.

Цената на влезниците е од 150 денари која вклучува подарок боенка со омилените цртани ликови Маша и Медо.

Издавачката куќа „Култура“ оваа претстава ја подржува како дел од целата промотивна кампања за едицијата „Маша и Медо“ која брои 5 боенки, 8 сликовници и 2 интерактивни сликовници на македонски и албански јазик, за која ги има авторски права за Македонија. „Изданијата особено се популарни кај македонската публика. Светскиот успех ја покажува силата и потенцијалот на Маша и Медо. Приказните се издвојуваат како нешто оригинално и иновативно и едновремено и ги забавуваат и ги едуцираат децата за вредноста на вистинското пријателство, грижата, слободата и креативноста на еден забавен и ненаметлив начин. Публиката насекаде во светот позитивно реагира на тоа, што создава многу силна платформа за лиценцирање“, изјави Ана Ќовкарова директор на ИК „Култура“.

Со промотивното прикажување во 2009-та година, „Маша и Медо“ за брзо време стана една од најпопуларните анимирани серии за деца во Русија, а денес се прикажува во над 100 земји во целиот свет. Освен серијата, под лиценцата Маша и Медо се и книги со приказни, боенки, брендирани играчки, ранци и училишен прибор, украси, друштвени игри и акцесоари.

Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL на 3 август во Охрид

Од сцените на Tomorrowland и EDC до магијата на „Билјанини Извори“, еден од највлијателните диџеи на денешницата, HUGEL, пристигнува во Македонија. На 3 август, Охрид ќе стане центар на глобалната клубска енергија со настап каков што досега не сме виделе на овие простори. 

Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на Beatport, HUGEL е артист кој го редефинира звукот на денешната електронска музика. Како предводник на Latin и Afro House жанровите, тој ги спојува традицијата и културата на Медитеранот со современиот пулс на светската денс сцена.

Роден во Марсеј, кариерата ја гради во Франција, Шпанија и Ибица, каде што станува резидент во некои од најпрестижните клубови како Pacha и Ushuaïa. Неговиот глобален пробив започнува со “Morenita”, а се зацврстува со синглот “I Adore You”, песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана масовен хит на TikTok и Instagram со над 36 милиони прегледи.

HUGEL е артист со статус на глобален феномен, со настапи на најпрестижните светски фестивали како Tomorrowland, EDC Las Vegas, Lollapalooza, Mysteryland, Parookaville и World Club Dome. Тој важи за еден од највлијателните диџеи на современата денс-сцена.

Концертот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Публиката ќе има можност да ги доживее во живо траките што се вртат во сите клубови од Мајами до Берлин. Освен “Morenita” и “I Adore You”, HUGEL ќе изведе сет исполнет со неговите најнови ремикси и неиздадени продукции.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме. 

Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер, а првите 100 билети ќе бидат достапни по промотивна цена од 1.500 денари.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5675

Како растевме, што преживеавме и каде сме денес: 2Бона го објавија ‘94 - прв чаптер!

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа “Chapter 1” - првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена.

2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите - “Еверест”, “Ради реда”, “Лето”, “Еурека”, “Сука” и “Мозаик”

Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ - Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ - Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук. 

„Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег,“ – велат Кун и Тони. 

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer

Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност но, и глас на генерацијата. 

Уживајте во првиот Chapter 1:

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

Популарно