Авионот на "Jet Airways", кој со 200 патници летал од Бангкок во Њу Делхи, се наоѓал на пат, кога на пилотот наеднаш му се слошило, па еден од патниците, кој инаку бил пилот, ја преземал контролата и го слетал авионот, пишува британски "Mirror".
Кога на пилотот му се слошило до степен што не можел да го управува леталото, копилотот Самир Малхотра бил принуден да го преземе авионот и да прогласи вонредна состојба, но, за среќа, меѓу патниците имало и пилот.
Тој му се придружил на копилотот во кокпитот, па двајцата заедно го приземјиле авионот на аеродромот "Indira Ghandi" во Њу Делхи, пишува Mirror.
"На капетанот на "Jet Airways" на летот "9W063 Бангкок-Њу Делхи" му се слошило во вториот дел од патот. Копилотот ја преземал командата и прогласил вонредна состојба. Тоа се прави за летот да стане приоритетен и за да се направат подготовки за слетување. Авионот безбедно слетал на аеродромот во Њу Делхи", рекол портпаролот на "Jet Airways".