„Добредојде“ Macedonia Welcome Centar (DMWC) го одбележува 1 јуни - Меѓународниот ден за заштита на правата на детето!

„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по петти пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето. Како и претходните три години DMWC, заедно со амбасадите во Македонија,  бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, деца и лица со посебни потреби, ќе го oрганизира DMWC Добротворниот меѓународен базар. Почесен претседател на Базарот 2015 е Н.Е. г-дин  Ернесто Массимо Беллелли, Амбасадор на Р.Италија во Р. Македонија, а главен покровител е град Скопје. Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, поточно за реновирање на дневниот центар во Капиштец.

нда

Главниот настан, самиот Добротворен базар ќе се случи на 6ти јуни, сабота,во ГТЦ (приземје) Скопје со почеток во 11:00 часот и ќе се одвива по следнава програма:

* Свечено отворање со обраќање на:

Г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на DMWC

Г-дин Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје

Н.Е. г-дин  Ернесто Массимо Беллелли, Амбасадор на Р.Италија во Р. Македонија

и почесен претседател на Базарот:

* Амбасадите ќе продаваат и промовираат производи од нивните држави

* Изведби на уметнички точки од деца од повеќе меѓународни и домашни училишта: NOVA, QSI, American School, Piano FORTE , КУД Цветан Димов, Центар “Порака“.

* Уметничка работилница „Дрво на среќата“ со академската сликарка Жанета Гелевска Велјаноска и Решат Ахмети

*Лотарија

*Доделување на сертификати на уцесниците во Базарот

* Средствата од DMWC Добротворниот меѓународниот базар 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец“,Скопje.

*          Средствата од DMWC Добротворниот меѓународниот базар 2013 беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром - Скопје

*        Средствата од DMWC Добротворниот меѓународниот базар 2012 беа наменети за поддршка на децата со посебни потреби во посебното основно училиште “Илинден“Скопје.

нда1

За Меѓународниот ден за заштита на правата на децата:

Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно