Едно лице загина во тешка сообраќајка кај село Пеширово

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Свети Николе - Овче Поле во близината на селото Пеширово, во која загина 42-годишниот Горан С. од Свети Николе.

soobrakajka

Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски таблички и мопед со светиниколски регистарски таблички на кој што загинатиот Горан С. бил сопатник. Со тешки телесни повредни се здобил и 38-годишниот С.Ѓ., возачот на мопедот. До несреќата дошло откако автомобилот одзади го удрил мопедот.

Портпаролот на СВР Гордана Панајотова вели дела несреќата се случила околу 20 часот и 20 минути на регионалниот пат Свети Николе - Овче Поле. Извршено е алкохолно тестирање на 58-годишниот возач на автомобилот „пежо“ при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол.

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Македонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ.

Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.

Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно