ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ПАЛМА МОЛ ТЕТОВО – ВЕЌЕ 10 ГОДИНИ УСПЕШНА ПРИКАЗНА!

Уникатниот повеќенаменски трговски центар Палма Мол Тетово, кој пред десетина години ја започна својата приказна како мала продавница, денес претставува успешен трговски центар, изграден според светски стандарди, распространет на 32 илјади m². Всушност, новиот трговски центар е проширување на објектот на поранешниот Сити центар Тетово кој работи од 2005-та, а продажниот простор на истиот е тројно зголемен. Идејата за тројното проширување на постоечкиот објект постојниот Сити центар Тетово произлезе од потребата на жителите на Тетово и пошироко, за објект со голем број содржини.

palma

Реномираните продавници, секојдневната забава, рестораните и игротеката се само дел од содржините кои се наменти за сите возрасти и кои го прават Палма Мол Тетово едно од најпосетуваните места во Западна Македонија. Дополнителен куриозитет исто така е бесплатниот паркинг како и работно време на трговскиот центар, кој е предвидено да функционира од 10 часот наутро па се до 22 часот и тоа 365 дена во година, а со таквото работно време тетовчани и околината ќе можат да ги завршат своите обврски во тековниот ден.

Во рамките на трговскиот центар, свои продажни објекти имаат повеќе интернационални и домашни брендови, како што се супермаркетот Ramstore, Lc Waikiki, Sport Vision, аптека Kemopharmacija, LTB Jeans, DM, Мy Time, Shatzi, Alexia accessories- како главен франшизер на познатиот грчки бренд Axel, Lost collection, Swatch, Tudors, Penti, Prosvetno Delo, Doka Shoes, IL Camino, Paolo Boccelli, Big Star, Ideal home- продавница за текстил, теписи и мебел, Coincasa, Factory Mebel, Flormar, Swarovski, Vasidora, Toy Story- најголемата продавница за детски играчки и додатоци, Palma Trade- голем салон за бела техника, ресторан Emporium, фаст фуд корнер- со разни видови на брза храна и Aksaray најпознатата слаткара во градот, Happy Star Playground- најголема игротека со површина над 800 м2 , кино 7D cinema и уште многу други места за забава од сите возрасти.

Во меѓувреме во Палма Мол Тетово се отвори уште една продавница со над 800м2, Casa Mia furniture- специјализирана за луксузен мебел, , каде посителите ќе можат да уживат во нивната уникатна понуда.Во наредниот период спортскиот гигант Intersport, како и светските брендови Lacoste и Gant ќе станат дел од Палма Мол Тетово. Фаст фуд корнерот наскоро ќе добие освежување со отварањето на нова гостилница, во која посетителите ќе можат да уживаат во традиционалните босански специјалитети, а до крајот на месец ноември планирано е отварање и на Lounge bar кој на гостите ќе им понуди врвен и пријатен ентериер.

palma1

Палма Мол Тетово е уште еден придонес за економскиот развој во државата, а вработувањата кои ги донесе овој трговски центар имат огромно влијание на подобрувањето на состојбата во регионот. Ваков објект им недостигаше и на граѓаните и на околината на градот Тетово, а во имзинатите 10 години Палма Мол Тетово докажа дека со добар менаџмент, кој успеа да се соочи и да ги надмине сите проблеми, може да се изгради успешна приказна и со вакви капитални инвестиции и проекти кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните и од овој дел од Македонија и да понудат содржини кои ги надминуваат границите на традиционалниот шопинг.

Маратонски шопинг, Домаќинка на месецот, настани за Новогодишни и Божиќни празници, Роденденска недела, Late Night Shooping и многу други настани, ги одбележаа изминатите години во Палма Мол Тетово, а до крајот на оваа година се планирани уште неколку активности и настани по повод Новогодишните и Божиќни празници, за кои наскоро ќе бидат објавени и деталите. Со цел да го големи задоволството на купувачите, манаџментот на трговскиот центар планира да продолжи со спроведувањето на ваков тип на настани и во иднина.

Илјадници среќни луѓе со полни кеси во рацете, насмеани детски лица и задоволни купувачи, е сликата која секојдневно може да се види во најмодерниот и најголемиот трговски центар во Западна Македонија, а заслугата за целиот успех Палма Мол Тетово им ја посветува токму на своите купувачи, како најзаслужни за достигнувањата.

РКЕ одлучи: Нафтата и бензинот поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,073 ден/кг и сега ќе 45,711 ден/кг. 

Од 9.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,711 (денари/килограм)

ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот

Во духот на празничните денови, се воздржуваме од остра реторика, но не можеме да останеме неми пред агресијата на државата врз нашите колективни вредности. 

Длабоко сме загрижени и разочарани од упорната омраза, од недостатокот на волја за соживот, од упорните обиди да се потисне албанскиот јазик и да се девалвираат Албанците во овој наш заеднички дом. 

Оние што мислат дека ќе израснат рушејќи ги своите соседи, своите сограѓани, се во голема заблуда – никој не станал поголем со тоа што го омаловажувал другиот, напротив..  

Разочарани сме и од молкот на тие сограѓани што гледаат, а не реагираат. Ова не е прашање само за Албанците, ова е прашање за вредностите на оваа држава. 

Она што ние како Албанци го имаме за свето – нашиот јазик, нашето достоинство, нашето рамноправно учество во оваа земја – не може да биде постојана мета на агресија без последици по државата во целина. 

Во пресрет на Божиќните празници, на сите православни верници им посакуваме мир, хармонија и топлина во нивните домови. 

Вистинските вредности не се мерат со тоа колку ќе се намали другиот, туку со тоа колку можеме да растеме заедно, во почит и разбирање. 

Соживотот не е слабост, туку сила. Различностите не се пречка, туку богатство. 

На сите граѓани им посакуваме празници исполнети со добрина и надеж за подобро утре за сите нас.

ДУИ

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Популарно