Македонската надрилекарка под истрага – нудела белило како лек за деца

Десетина лица во српското обвинителство и полиција пријавиле дека Слаѓана Велков лажно се претставува како доктор и се бави со надрилекарство.

566995_drdoktorka_ff

Обвинителството за високотехнолошки криминал во Србија започна со постапка против самопрогласенатата лекарка и ќе им наложат на вештаци и експерти да го испитаат лекот кој истражителите го прибавиле, а кој се нуди како лек. Исто така ќе ја испитаат и наводна диплома, која што таа ја поседува во од Македонија, пишува српски „Блиц“.

– Обвинителството и полицијата биле во контакт со луѓе кои имаат здравствени проблеми по преземањето хемикалијата MMS, која Слаѓана Велков ја претставува како лек за разни болести, вклучувајќи аутизам кај децата. Според првичните наоди, хемикалијата при реакција има истите својства како белило, кое е многу штетно за здравјето на луѓето – вели изворот за „Блиц” запознаен со податоците од истрагата.

Според изворот, во исто време ќе се проверува и дипломата на Велков на која таа се повикува.

– Во овој случај тоа е од суштинско значење за да се провери наводната диплома и сертификатот. Човек не може да оди на курс и да реч дека е лекар. Тоа е од суштинско значење за граѓаните да бидат внимателни кога некој нуди нешто преку интернет, како лек – вели нивниот извор.

700880_sta-je-mms_ff

Кога ќе биде готова експертиза и по прибавувањето на документација за нејзината наводна диплома, како што дознава “Блиц”, обвинитрелството за вискоко -технолошкит криминал ќе покрене предистражната постапка и ќе покрене постапка против надрилекраката Слаѓана Велков.

Обвинителството, инаку, ги повикува сите граѓани кои зеле од препаратот кој го рекламира Слаѓана Велков и имаат проблеми, да им се обратат.

701046_velkov-i-mms-kao-lek-sajt_ff1

CD протоколот кој го препорачува Слаѓана Велков претставува пиење на натриум хлорит (MMS), кој во киселата средина во стомакот ослободува хлор диоксид, отров од прв.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно