ФОТО: Хуман гест на млада скопјанка - БРАВО девојко!

Сеуште постојат хумани луѓе и тоа некаде далеку, туку ѕука во Скопје. Хумана приказна која ќе ви го стопли срцето, а во исто време и ќе ви ги наполни очите со солзи. Секоја чест за Кристина Петровска, која му подарила чевли на момче кое е бездомник.

Приказната ви е пренесена во целост, превземена од нејзиниот Фејсбук профил.

1472807_10201544031598260_6955715400849291997_n

„Деновиве во новчаник ми се најдоа некои си 1000 денари. Да ги потрошам на најблиските за празниците беа премалку, а за себе ми се чинеа премногу. Па одлучив да ги споделам со оние кои најмногу имаат потреба од нив. Се сетив на Цветан, пред некој месец си помуабетивме, ми раскажа дека има само 26 години, не работи никаде, живее на меѓуградската автобуска станица во Скопје, околу речиси 10 години. Кога зборуваме за бездомници, нему најчесто му ставаме префикс, “момчето што шета бос” и лете и зиме. Сигурно и повеќето од Вас така го препознаваат. Не можев, а да не направам нешто во врска со тоа, колку што можам барем основните потреби да ги задоволам. А и сфатив дека можеби оваа приказна повеќе ќе му одговара “момчето со нови чевли, пар чорапи, капа и ракавици и чоколадо за да ја почувствува новогодишната еуфорија..”

10399948_10201544031158249_4145767497951610681_n

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно