Сообраќан прекршок што го правите секој ден

Не е мал бројот на возачите што не ги познаваат доволно сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на крстосниците со кружен тек на сообраќајот, покажуваат анализите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Град Скопје од 2009 година наваму постојано инвестира во изградба на кружни крстосници со цел да се подобри и модернизира патната инфраструктура во метрополата и да се намали метежот, но не секој возач знае како правилно да влезе и да излезе од ваква раскрсница.

kruzen-tek-katolicka---banskoliev3

Оние што одамна положиле да ги повторат правилата

Особено се стресни ситуациите кога некое возило е веќе во кружниот тек, а новото што се приклучува не дава предност на оној што е внатре, иако мора или кога возилото што сака да го напушти кружниот тек не дава трепкач за да им сигнализира на оние зад него.

Според Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје, најчест прекршок на кружните текови е непочитување на правото на првенство на минување, а според анализите на РСБСП, најчести прекршоци се неправилно престројување, недавање првенство и неправилен влез и излез од кружната раскрсница.

Од РСБСП велат дека, генерално, веќе повеќето од возачите ги почитуваат овие сообраќајни правила и прописи, а и тоа го потврдуваат и од СВР Скопје.

- Во почетокот кружните текови беа новина за возачите и тогаш и се правеа повеќе прекршоци. Но, со текот на времето бројот е значително намален - изјави Лиза Бендевска, портпарол во СВР Скопје, без да прецизира колку прекршоци во просек месечно и годишно се прават на кружните раскрсници бидејќи, како што образложи, тие не се издвоени посебно од вкупниот број прекршоци.

Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски, вели дека ваквите крстосници порано ги немаше, а се актуелни во последните 5-10 години.

- Поради тоа, апелираме до возачите, посебно до оние што одамна го положиле возачкиот испит, да ги повторат правилата што се однесуваат на крстосниците со кружен тек на сообраќајот. Апелираме и до автошколите во процесот на обука на кандидатите за возачи да посветат поголемо внимание и практично и целосно да ги подготват новите возачите за безбедно навлегување, движење и напуштање на овие крстосници – вели Стаменковски.

Се влегува со преголема брзина

Од РСБСП потсетуваат дека во ваква крстосница сообраќајот се одвива кружно, во спротивна насока на стрелките на часовникот и на овие крстосници возачите посебно треба да внимаваат на намалување на брзината и нејзино приспособување за безбеден пристап и правилно престројување. Особено нагласуваат дека повеќето од возачите со преголема брзина влегуваат во кружен тек и се движат по инерција, а треба да пристапат со должно внимание, концентрација и посветеност во следењето и однесувањето во сообраќајот.

Градските власти велат дека со изградбата на кружните текови значително се подобри ефикасноста и проточноста во сообраќајот на подрачјето на целиот град, се намали сообраќајниот метеж и долгите редици возила што чекаа на семафорите и се зголеми безбедноста на сите учесници. Воедно, со зголемувањето на проточноста на сообраќајот и намалувањето на метежот се придонесува за намалување на загадувањето на воздухот од издувните гасови.

- Kружните текови во практиката се покажаа како идеално решение за сообраќајните проблеми во градот, а со нивната изградба Скопје доби комплетно нов сообраќаен лик - сметаат надлежните во Градот.

Изградени шест, се градат два, во план уште четири

Досега градските власти изградија повеќе кружни текови: на улиците Ѓорче Петров, Боца Иванова, Лазо Трповски, кај црквата „Свети Петар и Павле“, кај Kатоличката црква и на булеварот Партизански одреди во Порта Влае.

- Во тек е изградбата на кружните текови на улицата 16. македонска бригада во Автокоманда и на пробивањето на булеварот Србија. Бидејќи се покажаа како вистинско сообраќајно решение, Градот и понатаму ќе продолжи со нивната изградба. Во фаза на проектирање се турбокружни крстосници кај Министерството за образование и на булеварот Kочо Рацин, а исто така се планира и изградба на кружни текови на улицата Скупи, кај „Хубо маркет“ и на улицата Павел Шатев (поранешна Бихаќска).

Во некои ситуации се врти и втор круг

Стојче Стаменковски, претседател на РСБСП, објаснува дека за движење во кружен тек најважно правило е тоа дека возачот кој се движи во крстосницата има првенство во однос на возачите што се вклучуваат во неа.

- Сите возила што се вклучуваат од приодите треба да го причекаат возилото што веќе е влезено во кружниот тек, па дури потоа тие да се вклучат. Возачот што се движи во крстосница со кружен тек каде што има две или повеќе сообраќајни ленти е должен да се престрои во внатрешната лента за да овозможи вклучување во крстосницата и на други возачи, освен ако има намера да ја напушти на најблискиот излез или поради густината на сообраќајот не е во состојба безбедно да се престрои - објаснува Стојчевски.

Пред да ја напушти крстосницата возачот е должен да се престрои во надворешната лента, освен во излез на кој со знак е пропишано дека е дозволено свртување десно и од внатрешната лента. Доколку за тоа не постојат услови, неопходно е возачот да продолжи и да сврти уште еден круг.

- На излез од кружен тек, на кој е дозволено свртување во десно и од внатрешната лента, надворешната лента е наменета исклучиво за свртување во десно. При влез на кружен тек во кој возачот има намера да се исклучи на првиот излез, задолжително се користи десен трепкач, во останатите ситуации трепкач задолжително се користи пред промена на сообраќајната лента и пред излез. Никако не смее да се користи трепкачот за време на целото движење во кругот - потенцира Стаменковски.

Тој истакна дека во кружен тек возачите треба да посветат исклучително внимание кон пешаците и велосипедистите и прописно да ги пропуштаат.

Дневник.мк

(Фото) Патниците во оваа скопска населба наоѓале мир и си ја враќале силата

Приказната за општината Kисела Вода е дека кон крајот на 18 век, на источната страна на денешната општина Kисела Вода, се откриени извори на минерална, кисела вода, кои бликале под карпата на поранешен каменолом.

Патниците таму наоѓале мир и си ја враќале силата за патот што ги очекувал, па полека почнало да се раскажува дека водата е лековита и има исцелителска моќ. Подоцна населението изворот го регулирал со три чешми. До него се изградени црквите „Свети Ѓорѓија“ и „Свети Никита“, а општината почнала да се вика Kисела Вода.

Кисела Вода е  општина во градот Скопје. Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската котлина. Таа се граничи со општина Центар како и со ноформираните општини Аеродром, Студеничани и Сопиште. Според податоците од последниот попис на територијата на Општина Кисела Вода има вкупно население од 58.216 жители од кои 91,2% се Македонци. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници.

Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главна туристичка дестинација во овој регион.

Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

-Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. 

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Популарно