Секој маж мора да ожени две жени или доживотен затвор!

Активисти пратиле наводен допис до Владата во Еритреја во кој се бара од мажите да оженат најмалку две жени бидејќи постои акутен недостаток на мажи поради жртвите во текот на граѓанската војна со Етиопија.

d9a183829f38d26cb4fb9bca40460921_XL

Во изјавата на владата, како што тврдат активисти, го пишува следното:

„Врз онсова на Законот Божји за полигамија, а имајќи ги предвид околностите во кои земјата се соочува со недостиг на мажи, еритрејското министерство за вера ја донело следната одлука: – Прво секој човек треба да ожени најмалку две жени и мажи кои одбиваат и ќе бидат изложени на казна на доживотен затвор со принудна работа. Жената која се обидува да го спречи својот маж да ожени друга жена ќе биде казнета со доживотна робија“, пишува во документот кој го обајвиле активисти.

Во меѓувреме некои Кенијци реагирале на оваа најава на збунетост, сугерираат дека би можеле веднаш да го променат своето државјанство и да го искористат новиот закон во земјата.

Двегодишната војна меѓу Ертиреја и Етиопија однесе околу 150 000 војници во смрт, а тоа најмногу го почувствувале Еритрејците кои вкупно ги има околу 4 милиони.

ФОТО: Северина се стегна во ултра краток шорц

Една од најпознатите пејачки во регионот, Северина Којиќ, повторно плени со изгледот. Нејзиниот Инстаграм е полн со „голицкави“ фотографии кои докажуваат дека пејачката никогаш не изгледала подобро, посебно кога е во 48-та година од животот.

Во најновото селфи Севе е облечена во ултра краток шорц и голо стомаче, а нејзините нозе се „лајкнати“ од 15 илјади луѓе само за неколку часа.

„Изгледаш како девојка, напишала некоја од фановите, а во коментарите се и изрази на љубов од обожавателите од машкиот пол.

Иако годинава се најде во море на афери и скандали поврзани со борбата за старателство над синот, на Северина изгледа дека ништо не може да и ги замрси плановите и среќата.

10 индијански правила за спокоен живот

Овие 10 правила ќе ве инспирираат да размислите за својот живот и да го подобрите, но и да живеете поспокојно.

1. Бидете толерантни кон оние кои не се на истиот пат со вашиот. Незнаењето, лутењето и љубомората се само дел од изгубените души. Тие не се за вас.

2. Пронајдете се себеси. Не дозволувајте другите да управуваат со вашиот пат. Тоа е само ваш пат.

3. Бидете обзирни кон гостите во вашата куќа. Послужете им најдобра храна, понудете им најдобар кревет, бидете чесни и праведни кон нив.

4. Не земајте ништо што е ваше, од никаде. Не сте го заслужиле, ниту пак добиле тоа.

5. Станете со сонцето и помолете се. Молете се сами и често. Најдете мир во тоа.

6. Почитувајте го мислењето на другите, нивните желби и зборови. Никогаш не ги прекинувајте додека зборуваат, не замерувајте и не ги навредувајте.

7. Сите луѓе грешат. Секоја грешка може да биде простена.

8. Негативните мисли создаваат болест на умот, духот и телото. Вежбајте оптимизам.

9. Децата се иднината. Всадете љубов во нивните срца, водете ги со мудрост и учете ги за животот.

10. Секогаш бидете искрени.

Тие се вистински столб на бракот и семејството

Повеќето луѓе често размислуваат дали партнерот до нив е верен и што би се случило, доколку откријат дека истиот ги лаже.

Тука се ѕвездите да ни помогнат да ги решиме нашите љубовни дилеми, односно хороскопот ни открива кои 3 хороскопски знаци се сметаат за најверни, кои целосно се посветуваат на нивниот брак и семејство, кога ќе донесат таква значајна одлука на љубовното поле:

1. Бик

Биковите ја обожаваат удобноста и спокојството. Тие се најсреќни кога имаат стабилен живот, а тоа ги прави лојални партнери полни со надеж. За да изневери, Бикот треба да се чувствува исклучително несреќен и неценет во врската.

2. Рак

Од сите хороскопски знаци, Ракот е најзагрижениот за стабилнста при односите со неговиот партнер. Го обожава своето семејство и е најсреќен кога има длабока емотивна врска. Би го изневерил својот партнер единствено и само доколку неговиот партнер веќе не ги покажува чувствата.

3. Девица

Девиците се многу чувствителни личности и кога ти ќе се обврзат кон некој, тоа значи дека се навистина сигурни во нивниот избор. Само страшно предавство од својот партнер би ги натерало Девиците да го изневерат истиот.

Популарно