Исповед на маж кој работи како ескорт: „Жените бараат ескорт, но не сакаат само секс”

Рајан Џејмс во Сиднеј работи како ескорт, што значи дека неговата работа е да ги задоволува жените во кревет. За своите услуги наплаќа помеѓу 400 и 6.000 долари, а цената варира во зависност од должината на траењето на тој состанок.

74ac61f0-7754-0132-b953-0a5233f6364d

За разлика од другите мажи кои се занимаваат со таа работа, Рајан вели дека жените не се фокусираат на сексот кога бараат ескорт.

„Речиси секоја клиентка со која сум работел сака некој вид на пријателство. Од она што го гледам, мажите се фокусирани на сексуалната страна. И жените исто така се фокусирани на сексот – во спротивно не би се гледале со мене, но голем дел од времето го поминуваме во разговори“, вели тој.

Џејмс вели дека луѓето би биле изненадени кога би дознале кои се неговите клиентки.

„Многу од тие жени би можеле да излезат во бар и да одберат маж со кој би сакале да имаат секс. Но, тие сакаат поинакво искуство. Понекогаш се свежо разведени или се` уште се во брак, но веќе подолг период немаат секс со сопругот. Клиенти ми се и парови кои сакаат секс во тројка, но и жени кои се` уште се девици.“

Тој додава дека кај него доаѓаат жени на различна возраст. „Мојата најмлада клиентка имаше 20 години. Поретки се толку младите жени кои доаѓаат кај мене, но сепак ги има.“

Џејмс вели дека жените генерално немаат некои специфички фантазии кои сакаат да ги исполнат со него.

Тој додава и дека понекогаш „малку се врзува“ за клиентките, што го нарекува искуство од „50 нијанси на сиво“, но и дека жените претежно некој треба да ги „насочува“ бидејќи не се сигурни што точно сакаат.

„Ги водам на вечера и тоа излегување трае по четири часа, многу е популарно. Понекогаш ми плаќаат за целиот викенд, па изнајмуваме хотелска соба, одиме на опери“.

Рајан Џејмс вели дека се` уште е табу тема тоа што жените сакаат ескорт, па затоа многу од нив го кријат тоа, иако има и жени кои отворено зборуваат за плаќањето за секс.

„Начинот на кој ја опишувам мојата работа е – како кога некоја девојка би влегла во бар и би го прашала мажот дали сака да и` го измасира грбот. Многу мажи би се согласиле. Но, тој не е масер. Можеби таа би уживала во тоа, но тој не е професионалец. Ако сакате добро сексуално искуство, тешко е да најдете некој кој ќе ви го даде токму тоа што го сакате, а ескортот може да го направи тоа“, вели тој.

Верувале или не, Џејмс вели дека има толку многу работа, што моментално не прима нови клиенти, туку работи само со постојаните муштерии.

Четири грешки кои ги правиме на првите состаноци

Првите состаноци знаат да бидат заморни и да предизвикаат нервоза, а со себе носат и бројни прашања, што да облечете, што да кажете и како да се однесувате. Покрај тоа, дури и ако сте разговарале со оваа личност некое време, првите состаноци може да бидат непредвидливи.

Но, без оглед на сите неизвесности и нервози кои доаѓаат со првите состаноци, излегувањето е најдобриот начин да го запознаете вашиот иден партнер и е всушност неопходно.

Кои се четирите најголеми грешки што треба да ги знаете и избегнувате на првите состаноци?

Несвесност за вашите намери

Без разлика дали барате само да се забавувате или барате сериозна врска, обично е корисно да ги разберете вашите лични намери пред да одите на состанок за да имате продуктивен прв состанок со одредена личност.

– Важно е да знаете што барате пред да се забавувате за да можете да внимавате на работи кои не се совпаѓаат. Ако вашиот партнер бара нешто сериозно, а вие не барате, тоа би можело да биде знак дека двајцата не сте компатибилни во моментот. И обратно. Запознавањето бара заеднички напор за двете вклучени страни, па затоа е важно да бидете искрени со себе (и со вашиот партнер) за тоа каде се наоѓате во процесот на запознавање, вели советникот за ментално здравје Вал Окерај.

Запознавање со некој со кој веќе ви било непријатно

Првите состаноци се природно исполнети со нервоза, па затоа не би било во ваш најдобар интерес да излегувате со некој кој веќе ве натерал да се чувствувате нервозно и непријатно. Верувајте им на вашите инстинкти и бидете свесни кои сценарија прават да се чувствувате удобно или несигурно.

Го барате негативното

Избегнете го нагонот да се жалите. Запознавањето бара од вас да бидете отворени за запознавање нова личност, и иако некои работи можеби не се „правилни“ во вашите очи, тоа не значи дека тие генерално се погрешни и се целосно црвено знаме.

Веднаш отпишувате потенцијален партнер

Според Окерај, пред целосно да одлучите дека некој не е вистинскиот за вас, размислете да бидете отворени за втор состанок пред да избрзате со какви било заклучоци.

– Мислам дека е тешко добро да запознаете некого од само еден состанок (освен, се разбира, ако направи да се чувствувате непријатно). Би им дала најмалку два состанока пред да донесете одлука – вели таа.

Жените во овие хороскопски знаци се најдобри во кревет

Лав

Таа е доминантна господарка на која не смее да и се спротивставите. Страствена е и жестока во кревет, бара да биде освоена само од најдобриот. Често доведува двајца мажи до кавга заради неа. Инстинктивна е и знае да ги открие сите ерогени зони на партнерот. Театрална е и оригинална. Иако сака да доминира, фантазира за мажи кои се строги и доминантни во кревет.

Овен

Нејзиното либидо е секогаш незадоволено, но затоа секогаш знае точно што сака и бара. Недвосмислено иницира секс ако и е до тоа, а кога не и е – знае да одбие. Мажите ја обожаваат затоа што знае да провоцира, динамична е, но не и веруваат често затоа што е опкружена со многу машки „пријатели.“

Скорпија

Ова е жена која очигледно поседува вишок физичка енергија, па постојано прави нешто ново во креветот. Љубоморна е и посесивна, нетолерантна и инаетлива, но нејзините претчувства никогаш не ја лажат. Ова е атрактивна и храбра жена која има многу бујна фантазија и отровен јазик. Сака се што е пикантно, вклучувајќи ги и мажите кои знаат лутината и бесот да ги истурат во кревет.

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Популарно