(ФОТО) ДОСЕГА НЕОБЈАВЕНИ ФОТОГРАФИИ: Каролина и Михаил страсно се бакнуваат

Нема повеќе криење - македонското девојче наскоро ќе рипа во тавче.

Денес главна тема на социјалните мрежи е запросувањето на нашата најпозната поп-пејачка Каролина Гочева. Честитки пристигнуваат од нејзината армија фанови, но и од нејзините колеги од естрадата. 

Меѓу првите беше и нејзината колешка и многу блиска пријателка Елена Ристеска, која на својот профил на Фејсбук објави неколку приватни фотографии од новопечените младенци.

Како коментар на фотографијата, Ристеска напишала:

- Уште на ланскиот роденден на Михо знаев дека сте створени еден за друг, се гледаше по сјајот во очите.. А богами се гледа и на сликава што сум ви ја сликала тогаш.. :) Многу сум среќна другарке моја за вас, заслужи ваква среќа и ваков човек до себе, после толку премрежја. Среќата кога-тогаш доаѓа и вреди да се чека онаа вистинската љубов. Честитки, ве сакам.

Љубовниот живот на нашата најпозната поп-пејачка Каролина Гочева секогаш бил интересен за јавноста, а особено за медиумите кои секогаш пишуваа, се интересираа, а понекогаш и шпекулираа. 

Но факт е дека познатата пејачка колку-толку го криеше својот приватен живот далеку од очите на јавноста.

Каролина на почетокот ја криеше и љубовната врска и со сегашното момче, односно идниот сопруг - уметникот Михаило Корубин, кој пред само еден ден клекна на колена и го запроси македонското девојче.

Ќе почнеме по ред:

Пливачот Маленко

Сигурно малкумина од вас се сеќаваат на времето кога Каролина беше во љубовна врска со пливачот Маленко. Тоа беше кратка врска и не толку експонирана.

Гроздан - Тренд

Е, за оваа врска на Каролина, веруваме дека многумина од вас се сеќаваат на големата љубов со бизнисменот Гроздан. Неговиот потег со билбордите на кој пишуваше „Каролина, те сакам“, се уште се памети.

Михајло Ражнатовиќ

Нашата поп-ѕвезда беше во љубовна врска со најстариот син на Аркан, Михајло Ражнатовиќ. Причината за раскинувањето на оваа врска наводно биле нивните различни карактери, но, и добро познатата изрека- "Далеку од очи далеку од срце". А шпекулациите одеа  до таму што се зборуваше дека Каролина наводно добила понуда за брак и преселба во Белград, по што дефинитивно решила да се повлече.

Дино Балиќ

Каролина и скопјанецот Дино Балиќ беа во врска четири години. Двајцата не ја криеа нивната љубов, па на сите јавни настани се појавуваа заедно.

Јован Пановски

Врската на Каролина и бизнисменот Јован Пановски траеше повеќе од две години. Тогаш медиумите пишуваа дека и на двајцата им паднало тешко по раскинувањето.

Николаос Саитис

Како гром од ведро небо одекна информацијата дека Гочева е во љубовна врска со извесен Николаос или познат како Нико, кој имал своја фабрика за текстил во Битола. Тогаш двојката честопати можеше да се забележи во битолските кафулиња, но нивната љубов не траеше многу долго.

(Видео) По ова прашање кое и го поставил Тоше во колата на Лилјана Петровиќ и било јасно што следува!

Времето поминува, а секој 16 октомври и по 18 години не престанува да боли.

Медиумите ширум регионот денеска се потсетуваат на трагично загинатата наша најголема музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси со месеци неговата менџерка Лилјана Петровиќ беше топ тема во медиумите, а ексклузивно таа по 40 дена се огласи за телевизијата Нова.

Во интервјуто таа раскажа до детаљ што се случувало кобното утро, а еден детаљ особено и станал сомнителен.

Имено Тоше ја запрашал дали сонувала нешто чудно, а таа му рекла не, иако никогаш не ја прашувал такви работи…

Потоа раскажа како заспала, па го слушнала само ударот…

ФОТО: Карлеуша прошета со чанта од 15.000 евра

Сите знаеме дека Јелена Карлеуша има гардеробер и аксесоар кој вреди цело богатство, а како што и самата вели - ни сама не знае колку станови можела да купи со парите кои ги потрошила за гардероба.

Меѓутоа, таа нема намера да запре со купување на скапоцени работи, па овој пат инвестирала неверојатни 15.000 евра во Биркин чанта.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг потпишал мултимилионерски договор со фудбалски клуб во Кина, Јелена и тоа како може да си дозволи скапа облека.

Еве како изгледа нејзината нова љубов:

ФОТО: Погледнете ги сопругата и ќерката на Гоце Тодоровски

Гоце Тодоровски е име кое сите генерации го препознаваат најмногу по македонските народни приказни. Тој е еден од златната генерација на актери во Македонија, но откако минатата година се пензионира, Гоце Тодоровски сѐ повеќе време поминува со семејството.

Реномираниот актер кој сѐ уште активно игра во Драмски театар и синхронизира ТВ-серии, ретко споделува приватни фотографии на социјалните мрежи, а оваа е една од нив – празнична слика со сопругата Тања и ќерката Сашенка. Тодоровски има и син.

За жал по неговите чекори не оди неговата ќерка Сашенка Тодоровска, но затоа се има посветено на дизајнот. Ова е убавицата и гордоста на легендарниот Гоце Тодоровски:

Гоце Тодоровски е роден на 6 јули 1951 во Кичево. Тој по завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој беше често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. На неговата последна претстава во Драмскиот театар пред неговото пензионирање беше испратен со громогласен 10 минутен аплауз.

Популарно