ФОТО: Христина купила киндер јајце за своето дете - дома ја дочекало непријатно изненадување

Сакајќи да го израдува, оваа мајка за своето дете го купила омиленото чоколадо во еден од познатите српски маркети. Но, не очекувала дека ќе го доведе во прашање неговото здравје, а сето тоа пореди истекување на рокот на траење.

„Драги пријатели, дојдовме до тоа да се прелепуваат истечените рокови на трање на киндер јајцата. Нека ви се алал тие 2-3 евра кои ќе ги заштедите на сметка на нечие дете - напишала таа во опис на фотографијата, која ја споделила со своите пријатели на Твитер.

Она што се гледа на фотографијата е дека е прелепена декларацијата и рокот на траење е пролонгиран за уште девет месеци.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно