БОЛКАТА Е НЕИЗМЕРНА: Убиениот Македонец во Авганистан завчера требало да слави именден!

Медиумите се преплавени со половични информации во врска со убиството на македонскиот државјанин во Авганистан во текот на вчерашниот ден. Според наши извори станува збор за младиот Илија Мергановски, кој заедно со уште двајца други колеги бил киднапиран од своето работно место во Авганистан за потоа тој и неговите колеги да бидат свирепо убиени. Семејствата не располагаат речиси со никакви информации околу случајот, а МНР се уште нема стапено во контакт со властите во Кабул за повеќе информации за крвавиот чин и кога ќе биде вратено телото на младиот Македонец назад во Македонија.

Во врска со оваа тема коментираше и опинион мејкерот, Кристијан Јандриоски на својот Фејсбук профил. Јандриоски го отвори срцето и запраша, нели требаше да го направат овој свет безбеден и нормален. Тој истакна дека сепак тоа се само флоскули зад кои се крие вистината и она што се случува, општ грабеж на туѓи земји под знамето на Ослободителите и замини после народ нека се убива од омразата која ја внеле.

– Требаше вчера да слави именден, на тој голем ден .

Но злата судба го сретна далеку од дома и од своите. Киднапиран со уште двајца други, врзани се и фрлени во кола, еден во гепек, другите двајца внатре во колата.

Семејството располага со оскудни информации, така се оставени без соодветна помош од надлежните.

Очекуваат МНР да стапи во контакт со властите во Кабул и да дознаат кога и како ќе им биде вратено телото на Иле дома.

Сочуство до семејството и најблиските.

Нели требаше овој свет да го направат безбеден, помирен и луѓето да живеат нормално?

Сепак, тоа се тие флоскули кои само го кријат она што вистински се случува, влези во туѓа земја, ограби тоа што има ( под знамето на Ослободители) и замини после тоа, за раат народ да се убива во омразата која тие ја внесле.

Како и секаде каде што стапнале.

Нивниот начин на владеење и растурање на држави и народи на големо го чуствуваме и ние.

Не разединија, и ни нелеваат омраза која води кон преполнување на чашата.

Вратете го дома Иле, бар раат да му посакаме да почива во мир, вели Јандриоски на Фејсбук.

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно