ВИДЕО: Карпа падна врз туристика на омиленото летувалиште на Македонците

Тројца туристи се здобиле со полесни повреди кога претпладнево на популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос од непознати причини почнале да паѓаат карпи од голема височина, предизвикувајќи големи бранови кои ги превртеле чамците и бродовите што во тој момент се наоѓале во близина на плажата.

-Се слушна бучава и падна мал дел од карпа, потоа втор поголем дел и трет дел што создаде вител во морето што ги преврти чамците, изјави за грчката новинска агенција АНА-МПА, очевидец, член на екипажот на еден брод.

Според грчките медиуми, повредени се тројца туристи, додека пак специјалниот Секретаријат за справување со кризи на Министерството за дигитална политика на Грција, преку официјалниот Твитер профил соопшти дека „со возило на брза помош била пренесе 34-годишна жена лесно повредена, а со неа биле и нејзиниот сопруг и двете деца, исто така многу лесно повредени“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчката крајбрежна служба, завршен е процесот на пребројување на туристите кои што со бродовите стигнале на „Навагио“ и нема исчезнати лица, додека плажата е превентивно евакуирана.

ВИДЕО: Жешка Хрватка краде во локали низ Сиднеј

Дваесет и тригодишната Австралијка Моник Агостино која има хрватски корени, во вторникот сама се бранела пред судот во Сиднеј поради обвинението за серијата кражби. Откако светските медиуми ја пренеле веста дека е уапсена, на социјалните мрежи се појавила снимка од една од нејзините кражби.

На снимката направена од сигурносните камери, која ја објавил „9Њуз“ може да се види како таа ограбува еден локал, облечена во црни патналони и јакна, со качкет и маска на лицето.

Моник се товари за две обивања и кражба на имот во вредност од 60 илјади австралиски долари, како и за грабеж во фирма од каде украла вредност помала од 60 илјади австралиски долари.

Агостино пред судот рекла дека не се чувствува виновна.

Сето ова би било обична приказна за ситна кражба, ако на крајот не се испоставели дека Моник е Инстаграм модел и ја следат скоро осум илјади луѓе.

Во опис се преставува како „горда мајка“, „Хрватка/Австралијка“, како и „ловец на таленти“ и „претприемач“.

ВИДЕО: Најголемата еколошка катастрофа што светот некогаш ја видел

Додека ние во Македонија сме преокупирани со политика и криминални афери, во светот вниманието свртено кон најголемата еколошка катастрофа што светот некогаш ја видел.

Шумите на Амазон се еден од најважните делови од Земјата и се одговорни за создавање на 20% од целиот кислород во атмосферата на Земјата.

Попознати се уште како „белите дробови на Земјата,“ па нивното 17-дневно горење се смета за една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by WWF_UK (@wwf_uk) on

Еколошките резерви ни се трошат, природата е лута, пламените јазици не се смируваат - на кратко, очигледно вака изгледа крајот на светот.

Јаглеродниот моноксид кој се испушта го затемни цел Сао Паоло, ги блокира сончевите зраци, а во водата и земјата веќе има изгорени, црни честички.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MONS 🏔️ #ExperienciaMons (@mons.actividades) on

Глетки кои се последен знак за освестување:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by k🇰🇷 (@kkkleven) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Anderson Šousa (@sousatavares1995) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by • Natalia Reyes • (@nataliareyesg) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Atzin 9222 (@atzin9222) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @view_pohtos on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jake Freudberg (@gurudubz) on

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Folha de S.Paulo (@folhadespaulo) on

ФОТО: Туристичка агенција објави фотографии од апартман кој зад себе го оставиле туристи Срби во Грција

Секоја летна сезона се повторува иста приказна - туристичките агенции го изнесуваат на виделина се она што се случувало за време на летото, а што поминувало незабележано. Можеби поедини туристи со причина се жалат на условите за сместување, но самите сопственици на апартманите имаат многу причини за жалење, за што сведочи и овој случај.

Една туристичка агенција од Србија на Фејсбук споделила глетка од еден апартман во Грција кој зад себе го оставиле нивните клиенти.

Како да станува збор за итна евакуација пред катастрофа, овие туристи зад себе оставиле неред и валканици.

Се било испревртено, расфрлано, валкано, загорено...

Ова е само еден пример во каква состојба туристите ги оставаат апартманите зад себе. Напоменуваме дека и при напуштањето на апартманите често недостасуваат постелнини, садови, основи предмети итн.

Популарно