Пожарникар почина по интервенција во Скопје

47 годишен пожарникар починал откако му се слошило при интервенција на пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје. Според информациите кои ги соопшти полицијата, пожарникарот Г.Ј. (47) заедно со колегите интервенирал на опожарена сува трева и напуштени објекти околу 16:30 часот. 

При гаснењето на пожарот на пожарникарот му се слушило и со возило на Брза Помош бил префрлен во комплексот клиники Мајка Тереза каде починал.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Наодите од судска медицина ќе треба да покажат кои се причините поради кои починал 47 годишниот пожарникар. 

Тешка сообраќајка во тетовско - повредени две лица

Вчера во 07.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Желино – Палатица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „смарт“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(22) и товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(50), и двајцата од с.Палатица, тетовско, соопштуваат од МВР.

Во незгодата, М.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а Џ.Е. со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Тетово.

Извршен бил  увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Семејна драма: Снаа нападнала свекрва

Тетовската полицијата соопшти дека свекрва на 73 години ја пријавила снаата за семејно насилство. Настанот се случил во нивната куќа во едно тетовско село.

-Седумдесет и три годишна жителка на тетовско село вчера 19 октомври во 9 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 16 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината 37-годишна снаа. Пријавената по извесно време била повикана во Полициската станица Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против снаата ќе следува соодветен поднесок.

Тешка сообраќајка во Аеродром, повредените префрлени во болница

 Утринава околу осум часот се случи тешка сообраќајна несреќа на булеаврот „јане Сандански“ во близина на Мајчин дом.

Според информации од очевидци, во директниот судар на две возила има повредени, кои со возило на Брза помош се префрлени во билница.

Детални информации за причините за сообраќајката кога ќе заврши увидот на полицијата.

Популарно