Негувателка во градинка избоде три бебиња

Три бебиња и две возрасни лица се избодени со нож во приватна градинка во Њујорк, соопшти полицијата и додаде дека повредените се префрлени во болница.

Властите ја уапсија негувателката, која се сомничи за нападот во градинката, каде што во моментот престојувале девет бебиња.

Се обидела и да се самоубие.

Девојче загина во тешка сообраќајна несреќа на Пониква

Едно лице загина, а две се потешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што околу три часа по полноќ се случи во месноста Аеродром на Пониква.

Патничко моторно возило „фолксваген туарег“ со бугарски регистерски таблички, кое се движело во правец на Кочани, наместо да сврти десно кон градот, продолжило право и излетало во бездната висока неколку десетици метри.

– Изутринава околу 3:15 часот добивме повик за интервенција за спасување повредени лица од сообраќајната несреќа кај Аеродромот, при што од превртеното возило извлековме безживотно тело на девојче кое настрадало на лице место. Другите две лица, момче и девојче кои се здобиле со потешки повреди беа префрлени со возило на итна помош во кочанската болница. Поради специфичноста на стрмниот терен и можноста возилото дополнително да излизга, бевме принудени да го осигураме со јажиња, исткна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Трите лица кои се наѓале во превртеното возило се од кочанскиот регион и се на приближно иста возраст.

Увид на местото на настанот извршија јавен обинител и екипа од Полициската станица од Кочани.

Со трактор излетал од пат и починал на лице место

На 23.02.2021 год. во 15.10 часот на патниот правец Неготино – с.Курија се случила  сообраќајна незгода во која Т.Е.(75) од Неготино, управувајќи трактор „ИМТ-539“, со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и од здобиените повреди починал на местото на незгодата, информира МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Неготино.

Почина пејачката Марина Пухариќ

Вчера на 66-годишна возраст почина пејачката пејачка на народна, староградска и забавна македонска музика Марина Пухариќ.

Пухариќ ќе остане запаметена по нејзините композиции „Мојот разбој“, „Мојот сон “, интерпретациите на традиционалните песни „Зошто ми се срдиш либе“, „Дали го видовте“, „Кажи Анѓо, кажи душо“, како и на забавните нумери „Си одиш ти од мене“ „Есенска елегија“, „Биди насмеан“ и „Помина време“.

Таа има соработувано со повеќе композитори, меѓу кои и со Љубомир Бранѓолица, Ванчо Димитров и Јанко Узунов, а беше дел и од групата „Македонија“,  како и од женската пејачка група „Сирма“. Талентот го имаше наследено од својата тетка Нина Спирова.

Целиот свој работен стаж Марина Пухариќ освен на музиката, го посвети и како наставничка по предметите физика и хемија.

Посмртните останки на Пухариќ ќе бидат изложени утре во капелата на гробишта во Бутел од 13:30 до 14:00 часот. 

Извор: Сител.соm.mk
 

Популарно