ФОТО: Има 101 година ама тетовира без грешка

На Филипините живее 101-годишнa баба која црта специјални тетоважи по што е популарна кај многу луѓе.

Во текот на годината ја посетуваат стотици илјади туристи. Ванг Од изработува тетоважи во форма на кожа од змија, стоногалки и други необични мотиви. Таа црта со јаглен, додека за бојата да се пробие во кожата користи чекан од дрво од кафе. Таа тврди дека во минатото на Филипини се тетовирале само луѓето кои извршиле некакво убиство, па на тој начин општеството ги идентификувало.

Бабата вели дека занаетот ѝ го предала на нејзината внука за традицијата да не исчезне.

ВИДЕО: Ова е убедливо најнавредливата ТВ серија на сите времиња

Повеќе од стотина илјади гледачи на различна годишна возраст учествуваа во истражувањето на Senior Living за тоа која телевизиска серија ја сметаат како најнавредлива.

Во истражувањето учествуваа припадниците на така наречените генерации "baby boomers", "X generations", "Millenials" и "Z generations". Се покажа дека најмногу ги навредува гледањето на сексуално насилство на ТВ, потоа шегите за лицата со инвалидитет, а потоа расистички шеги. Како најнавредена група на гледачи се покажаа "Baby Boomers", односно генерацијата родена помеѓу 1946 и 1964 година.

За најнавредливо ТВ шоу некогаш прикажано на телевизија е South Park со дури 30,7 %. На второто место се најде Family Guy со 10,5 %, а на трето место е Jerry Springer со7,1 %.

Во топ пет се најде и американскиот стиком All in the Family и хумористичната серија Married with Children.

Најнавредлив ТВ лик е Ерик Картман од South Park со 18,7 гласови, потоа Арчи Банкер од All in the Family so 14,5 %. Третото место го зазеде Питер Грифин од Family Guy, а четвртото место е за Розен од истоимената серија. Интересно е дека на шестото место се најде американскиот претседател Доналд Трамп.

Невобичаен начин да се прослави 70 роденден

ГОСПОЃА Марионка Стефанова го прослави својот 70-ти роденден скокајќи со падобран и стана, најверојатно, највозрасната жена од Македонија која направила ваков подвиг. Таа во тандем со својот син скокна со падобран „ЖАЛАМ ШТО ТОЛКУ КРАТКО ТРАЕШЕ“ Изјави славеничката.

Популарно