ВИДЕО: Пушти бесен Питбул да удави Лабрадор сред бел ден во Прилеп!

На вознемирувачкото видео ќе видите како еден сопственик на крволочно куче го пушта среде бел ден дадави и јаде друго куче, притоа со насмевка гледајќи како второто домашно како цвили и плаче од повредите од крволочниот ѕвер. И сето ова се случува во Прилеп, среде бел ден.

Случајот е пријавен во полиција, а лабрадорот е однесен на ветеринар од страна на неговите сопственици.

(Видео) За влакно избегна авион: Леталото се заби во куќа, пилотите едвај преживеаа

Пилотот Фабио Рејс и патникот Алесандро Кунхаго успеаа да избегаат од трупот на авионот кој се урна во саботата, најверојатно поради дефект на моторот.

На страшната снимка се гледа како авионот паѓа на земја и удира во ѕид, а притоа се скрши на парчиња при ударот, но кабината за среќа остана недопрена.

На снимката се гледа и жена која во почетокот не беше свесна дека авион се приближува, но набрзо ја врти главата и гледа летало кое паѓа на земјата.

Погледнете во продолжение како изгледаше тоа:

(Видео) Сакаа романтични слики на карпа, а во следен момент се бореа за својот живот

Фотографиите од венчавкат абеа важен дел од церемонијата и секако, новиот брачен пар сакаше да изгледаат совршено.

Инцидентот се случи во јужна Калифорнија. За да биде совршена фотографијата, за фотографирање избраа една карпа и океан.

Сепак, океаното имаше поинакви намерно, а беше доволен само еден силен бран за да ги турне во водата, која беше исполнета со други карпи.

За среќа, тука беа спассувачите кои веднаш скокнаа во акција и им помогнаа на младите лица за да ги извлечат од океанот.

Маж починал откако некој случајно го исклучил респираторот за да го вклучи клима уредот

Маж на возраст од 40 години починал во државната болница во Индија, откако членовите на неговото семејство наводно го исклучиле респираторот од струја, за да го вклучат клима уредот.

Овој маж бил примен во болница неколку денови претходно, откако лекарите се посомневале дека има коронавирус, а поради отежнатото дишење бил сместен на специјално изолирано одделение за пациенти заболени од Ковид-19.

„Индија експрес“ наведува дека човекот бил во толку тешка состојба, што лекарите не го ни тестирале на Ковид-19, туку веднаш го ставиле на респиратор и започнале терапија.

Како што се наведува, во понеделникот наутро полниот Индиец во болницата го посетило семејството, кое не било задоволно од условите во кои престојува.

Бидејќи централниот систем за ладење во болницата бил исклучен за да се спречи ширење на коронавирусот, во собата во која лежел овој човек било повеќе од 40 степени целзиусови.

Поради тоа еден од членовите на семејството донел преносен клима уред, а за да го поврзат, случајно го исклучиле респираторот. Мажот починал, а со последователно тестирање било утврдено дека пациентот воопшто немал коронавирус, туку тежок облик на хронично опструктивно белодробно заболување.

„Кога го исклучиле респираторот од струја, апаратот автоматски се префрлил на резервно напојување, односно на батерија. Меѓутоа, батеријата се истрошила за половина час, после што пациентот починал. Кога забележало дека нешто не е во ред, семејството повикало медицинско лице, но веќе било доцна. Обдукцијата покажа дека пациентот починал од гушење“, навел д-р Навин Саксен од болницата „Махара Бимсинг“.

Популарно