Албанци терористи добивале бугарски државјанства

Аферата со издавањето бугарски пасоши доби нов замав откако „Еурактив“ објави дека во неа покрај заменикот премиерот Красимир Каракачанов, се замешани и министерката Екатерина Захариева и бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според „Еурактив“ аферата е отворена под притисок на САД откако американските службеници за спроведување на законот уапсиле неколку Албанци осомничени за тероризам кои поседувале вистински бугарски пасоши. Американските власти, наводно, побарале објаснувања, што ги поттикнало обвинителите да започнат со истрага за Државната агенција за Бугарите во странство пред еден месец.

Порталот исто така потсетува дека минатата година поранешниот и шеф на македонската разузнавачка служба, Горан Грујовски со неговиот помошник Никола Бошкоски, беа уапсени во Грција со валидни бугарски пасоши издадени под лажни имиња: Христо Атанасов и Неџби Хасан.

Петар Бојаџиев, поранешен бугарски дисидент кој живее во Франција, изјавил за овој портал исто така дека за трговијата „пасоши за пари“ биле загрижени и француските власти и дека веќе три години предупредувал за опасните последици од ваквите активности со пасошите.Бојаџиев го предупредил Ковачев дека она што тој го прави за да ги деблокира барањата за пасоши е незаконско и дека ја информирал за тоа службата за националната безбедност.Бојаџиев рече дека властите во Софија се во паника бидејќи скандалот доби размери на “цунами” и не може да биде запрен. Според него, бугарското обвинителство има “тони докази” за шемата и тие ќе излезат што поскоро.

Патникот имал билет, екипажот ги прекршил правилата

36-годишниот Андонис Кариотис, загина синоќа во бизарна несреќа кога членовите на екипажот на траектот „Блу хоризонт“ го турнаа во морето во Пиреја. Неговиот брат Никос Кариотис во реакцијата што ја пренесуваат грчките медиуми, изрази шокираност и не може да поверува дека Антонис исчезнал за неколку секунди на патувањето на кое често одел.

Тој за весникот Прототема открива дека неговиот брат извадил билет за кобното патување, но задоцнил при пристигнувањето на пристаништето.

-Не би одел без билет. Имаше билет и доцнеше. Како што разбрав, задоцнил на пристаништето и не го пуштале на траектот. Замина на одмор во Атина. Често патуваше, со години одеше на прошетка во Атина да се ​​види со пријателите. Секогаш имаше пари за билет. Тој работеше овде, на Агиос Николаос – вели братот на 36-годишниот патник што загина синоќа.

Според првичните информации, мажот имал билет за траектот што патувал од Атина за Ираклион на Крит, но задоцнил и усеал да се качи во последен момент кога траектот го напуштал пристаништето, но тогаш бил брутално турнат од луѓето од екипажот во морето од акде подоцна е изваден мртов.

Инцидентот на траектот во Атина бил снимен од еден од патниците. На видеото се гледа како 36-годишниот маж се обидува да се качи на бродот и успева да скокне на рампата непосредно пред поаѓањето на траектот по што влегува во физичка пресметка со двајца мажи од екипажот и паѓа во морето во моментот кога траектот веќе го напушта пристаништето.

Четворица членови на екипажот се уапсени и обвинети за убиство од небрежност, а денеска ќе бидат сослушани во Обвинителството.

Според грчките медиуми, бродот се вратил назад дури кога еден од патниците, кој го снимил инцидентот, го известил персоналот на траектот, но никој не реагирал кога човекот паднал во морето.

-По трагичниот настан, не се преземени никакви планирани дејства за спасување на лицето што падна во морето. Во никој случај не фрлајте човек во морето кога ќе се качи на бродот, дури и да е бегалец. Одговорноста е целосно кај луѓето што биле на рампата, кои очигледно го турнале. Кога го виделе во морето, не ги почитувале пропишаните процедури за негово спасување. На брод што веќе плови никого не туркате назад и, дефинитивно, го известувате капетанот да го прекине процесот на пловење. Имаме процедура, вели во изјава за грчките медиуми, искусниот капетан Сидерис Мамидис.

ХЕРОЈ: Маж истрча од кола и му го спаси животот на момче кое се гушеше

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче кое се враќало од лекар во Обреновац, кое било покрај себе кога на детето среде возење и се слошило. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

– Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој – рече Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на бебето сега му оди добро.

– Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици – потврди јунакот Марко, кој го легна детето на тревата за да го спаси.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се се завршило добро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Популарно