Како да препознаете жена која сака СЕКС со вас?

Според тврдењата, можно е мажот да препознае ситуација во која жената покажува дека е заинтересирана за секс. Говорот на нејзинотот тело може да ви открие дали таа е желна да се впушти во секс со вас.

Дише подлабоко

Ако жената е возбудена и желна за секс, нејзиното дишење станува подлабоко.

Ги ниша колковите

Ако забележите дека вашата девојка/жена ги ниша колковите, можеби ве повикува да го оставите телевизорот и да преземете иницијатива и времето да го потрошите на нешто поинтересно.

Ве допира

Вие гледате фудбал, но таа седнува покрај вас и нежно ве допира по раце или нозе. Сака да привлече внимание, но не сака тоа да го каже гласно.

Започнува разговор

Познато е дека добар разговор меѓу партнерите и тоа како е добар афродизијак.

Бугарски сајт за возрасни најави проширување на бизнисот и во Македонија

Бугарски сајт за возрасни најави проширубање на бизнисот и во Македонија.

Станува збор за новиот ПорнХаб актер Пламенчо Аспарухов, што е и “уметничко” име за ваква ѕвезда и во секојдневниот живот.

Пламенчо неодамна основа сајт за возрасни во Бугарија, а се очекува својот бизнис, во 2020 година, да го прошири и со македонска веб страница.

ПорнХаб акаунтот на Пламенчо, можете да го видите доколку КЛИКНЕТЕ ТУКА!

Погледнете зошто жените сакаат доминантен партнер

Во ек на борбата за еманципирање на жените и подобрување на нивните права и еднаквост во општеството, тешко е да се зборува за тоа зошто жените бираат доминантен животен партнер.

Дали ве привлекуваат романтични партнери кои се моќни, одлучни и владеат со секоја ситуација? Изборот на доминантен партнер нема врска со полот и сексуалната ориентација, но психотерапевтите издвојуваат неколку причини зошто хетеросексуалните жени бираат доминантни партнери.

Има различни начини да се биде доминантен, но експертите сметаат дека главни карактеристики на луѓето со социјална доминација се авторитативност, преземање и одржување контрола и преземање лидерска улога.

Ова се најчестите причини зошто жените бираат доминантен партнер и совети како да разликувате доминантен од насилен партнер.

Ве привлекуваат „лоши момци“

Звучи како стереотип, но е факт. Лесно е да се „падне“ на шармот на лошите момци: нивната одлучност да се спротистават на правилата, мистериозен изглед, бунтовност… Но, лошите момци често не се доминантни типови, туку само многу добро ја глумат таа улога. Најчесто само имаат „Петар Пан комплекс“ и не сакаат да пораснат и да станат одговорни. Проценете мудро, што ќе правите кога ќе се умори од глумење?

Не сакате да носите големи одлуки

Некои жени веруваат дека животот би им бил многу полесен кога не би морале да носат големи одлуки и да одговараат за нив. Доминантен партнер лесно би им го решил тој проблем: тој сака да ја има контролата, па ќе одлучува за двајцата: каде ќе живеете, што ќе работите, како ќе ги воспитувате децата… Сево ова не е погрешно, но само ако ВИЕ го сакате тоа, а не ви е наметнато. И во врската со доминантен партнер треба да ја задржите својата индивидуалност и право да носите одлуки за себе.

Фините момци ви се здодевни

Нема ништо погрешно во тоа да се биде фин тип, но некои жени едноставно не ги привлекува тоа. Сакате авантура, возбудливост, изненадување, да бидете со некој кој е во центар на внимание и позиција на моќ? Држењето за рака никогаш нема да ви биде доволно.

Влијанија од родителите

Односот со партнерот многу често е одраз на начинот на кој сте воспитувани. Ако едниот или двајцата родители биле доминантни, постои голема веројатност дека вие сте навикнале на таков начин на живот и тие особини потсвесно ги барате во партнерот. Навикнати сте да бидете под контрола, друг да одлучува за вас и да следите правила, па барате доминантен партнер кој ќе се однесува со вас на тој начин.

Разлика меѓу доминација и агресија

Понекогаш чувството на доминација може да прерасне во нагон за посесивност и агресија, но тоа зависи од карактерот на човекот и многу други фактори.

Доминантните луѓе се способни за љубов, емпатија и грижливост. Ако доминантното однесување прерасне во желба да го контролира вашиот живот во секој аспект или да ја злоупотреби вашата доверба со тоа што ќе манипулира со вас или ќе ве малтретира, физички или емоционално, тоа е веќе проблем што не може да се припише само на доминантата карактеристика.

Тука веќе станува збор за токсична врска што е штетна за вас и треба да преземете мерки за да излезете од неа безбедно.

4 работи кои мажот ќе ги направи само за жената која ја сака

Постојат одредени работи кои мажот ќе ги направи само ако искрено ве сака. Еве кои се тие...

Мажот ќе ја слуша само жената која ја сака

И тоа значи навистина да слуша. Кога зборувате со вашиот маж и постојано забележувате дека е отсутен за време на разговорот, тоа може да биде предупредувачки знак дека нешто не е како што треба.

Ако вашиот партнер навистина ве сака, тогаш ќе целосно ќе го имате неговото внимание и за него секој разговор со вас е важен. Мажот кој ве сака секогаш ќе ве слуша, ќе ги слуша вашите совети и често ќе ги прифаќа или ќе ви се спротиставува на некои ваши мислења. Тој ќе ве слуша затоа што ве сака.

Мажот ќе го промени своето мислење само за жената која ја сака

И самите знаете дека мажите понекогаш можат да бидат тврдоглави. Во многу врски се случува мажот да ја зема жената здраво за готово и воопшто да не ја сфаќа сериозно. Причина за ова е недостатокот на почит и љубов. Љубовта и почитувањето одат рака под рака.

Ако мажот гледа на вашата врска како на физичка работа, тој нема да биде наклонет кон вашите ставови туку кон вашето тело. Мажот кој ве сака и почитува ќе се обиде да најде компромис со вас, затоа што ве гледа како еднаков партнер во врската. Можеби нема баш за сѐ да постигнете компромис, но трудот да се најде решение секогаш ќе биде присутен во врската и како и во секоја здрава врска, двајцата секогаш ќе наоѓате начин како да ги решите проблемите меѓу вас.

Мажот ќе се бори само за жената која ја сака

Ниту еден маж (а богами ни жена) не се бори за нешто што е минливо и за нешто што е само за една ноќ. Ако мажот ве сака, тој ќе се бори за вас.

Ќе се бори за вас пред своите родители, вашите родители, неговите пријатели, вашето друштво. Нема да дозволи никој да ве навреди и повреди. Тоа му е како рефлекс и секогаш ќе биде на ваша страна. Човек кој искрено ве сака нема да се бори само за вас како личност, туку и за вашата љубов.

Мажот ќе направи сѐ за жената која ја сака

Човекот кој искусил вистинска љубов знае колку е таа вредна и колку време е потребно за да се најде вистинска љубов. Не постои работа која мажот не може да ја направи кога зад себе ја има љубовта на жената.

Ако имате некој важен настан во животот, тој ќе ве поддржува. Ако имате важен состанок на работа, тој ќе ви помогне подобро да се подготвите. Тие работи ќе бидат сосема нормални за него.

Ако вашиот маж ве сака, ќе ве гледа како најважната работа во неговиот живот. А имајќи предвид дека вие сте најважната работа во неговиот живот, тој ќе направи сѐ за вас.

Сѐ што е разумно и сѐ што е во негова моќ.

Популарно