ФОТО + ВИДЕО: Вера Мештеровиќ гола во постела, па запенета во када

Некогашната мисица, манекенка и модел, чија прва љубов сепак беа балетот и фолклорот кој и е во срцето и до ден денес, повторно и се враќа на модата и убавината, на фотомоделството и позирањето пред фотообјективот и камерата.

Дали стегите на неуспешниот брак со некогашниот фудбалер Игор Кралевски беа причина за апстиненцијата во светот на модата и фотомоделството или нешто сосема друго беше во прашање, сега е сеедно, зашто по разводот Вера Мештеровиќ се врати во јавноста. Поубава и позгодна од било кога, еднакво атрактивна и сексапилна како и на почетокот на кариерата.

Очигледно годините за неа се само бројка  на километражата на животот, кој иако минува со филмска брзина, нејзината убавина останува да стои во лер. Вера како да е замрзната во времето, истото она време кога како тинејџерка се појави на модните писти освојувајќи ги првите места на изборите за убавина.

Нејзиното враќање во јавната професија каква што е убавината и модата ги најави како ексклузивен промотор и манаџер на козметиката на еден светски познат бренд, кој покрај брендираните, висококвалитетни козметички производи, во својата програма ги вклучува и академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот како и целата процедура на нега и убавина на нокти.

Враќањето во фотомоделството и позирањето на фотографии или во видео беше следната станица на расната убавица, па нејзиниот лик беше главен во последното музичко видео за темата  „Нешто ме гони“ на култната екс ЈУ група „Галија“ каде ја гледавме во нејзиниот препознатлив изглед и имиџ.

Малку потоа, нова трансформација на убавицата. Вера од црнка во русокоса, од тинајџерка во вистинска дама, отмена госпоѓа… во „Жена за милион години“на истоимената тема и видеото за неа препеано на хрватски, со која нашиот Дарио Панковски тргна во музички поход на регионот.

Последното видео кое деновиве осамна на социјалните мрежи, сепак се чини  вистински го претстави сиот нејзин раскош… И телесен и оној со кој зрачи: сексапил, убавина, привлечност, пожелност…

Вера Мештеровиќ  разголена во уметнички или рекламен видеоклип, во кој  убавицата распослана на бела постела…

…Или легната во запенетата када со вода, подеднакво ги буди најдлабоките еротски страсти, ја поттикнува волшебната игра на сетилата, која додека ја гледате ќе ве држи со очи ширум отворени.

А потоа…? Слободно можете да ги затворите и да мечтаете… Или одново да го вратите видеото на „рипит“!

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

BY ID VIDEO DIME & IVONA MODEL VERA MESTEROVIC BY DARIO JANKOVIC

A post shared by Dario Jankovic (@dariojankovic) on

(Фото) Ријана ги покажа раскошните облини во секси долна облека

Популарната пејачка Ријана која во последно време нè изненадува со честите промени на имиџот, отпочна бурни реакции со новата објава на Инстаграм.

Пејачката ја промовираше својата нова колекција на долна облека „Savage Signature Script“, а кој може подобро да ја изрекламира отколку токму таа со своите раскошни облини?

Ријана позирала на кревет во провокативна чипкана долна облека, гаќички со интересен детаљ и градник кој совршено ѝ прилегал.

Освен долната облека, убавицата од Барбадос ја промовирала и својата нова колекција на постелнина, така што лежела на неа на хотелскиот кревет.

„Нејзината листа на изговори за тоа што нема албум“, напишал еден од следбениците на Ријана, кои се разочарани од нејзиното отсуство од музичката сцена.

(Фото) Лила Филиповска во еден од најскапите базени на светот и поглед од милион долари – но умот ќе ви го одземат бујните гради во преден план

Македонската водителка Лила Филиповска објави каде ужива во овие пролетни денови.

И додека и во Скопје температурите се зголемуваат и викендов ќе се искачат до речиси триесеттиот степен, Лила реши да одлета за Дубаи од каде се огласи на својот Инстаграм профил.

Таа објави неколку фотографии каде позира во црно бикини, а во преден план се нејзините бујни гради.

Водителката позираше во базен во еден од најскапите ресорти таму, а доказ дека знае да ужива се фотографиите од таму, погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

(Фото) Најстарата од трите сестри Родиќ во бикини во кое ќе зумирате до максимум, по оваа трансформација сигурно нема да биде сама

Најстарата сестра од трите во семејството Родиќ е се уште немажена, станува збор за Наташа Родиќ, чии сестри се мажени – едната за Вељко Ражнатовиќ, а другата за Мирко Шијан.

Таа многу сака да патува, а е и активна на социјалните мрежи.

Она што сите го забележаа на нејзиниот Инстаграм профил е дека таа ослабела буквално до не препознатливост.

Таа во овој момент е во Дубаи од каде што објавува фотографии во бикини кои ги излуди момците кои сакаат да ја омажат и последната сестра од семејството кое се прослави пред неколку години.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)

Популарно