СЕКС ВИДЕО од 2006: Оваа српска пејачка прва имаше секс пред камери

Ена Попов, српската пејачка која пред десет години беше во реалното шоу Големиот Брат, прва во регионот имаше секс пред камери во реално шоу.

Таа тогаш беше во врска со марко Милјковиќ, а клипот стана вирален.

Таа тогаш имаше 19 години. По реалното шоу стана пејачка и водителка, а сега е мажена има две деца и води мирен живот.

Девојка на 27 години ја продава невиноста за – 100.000 евра: Уморна сум од чекање на…

Џиа Кортни откри дека со години го чека вистинскиот избраник, кое ќе успее да ја освои, а со оглед на тоа дека уште е невина, сега решида заработи од првиот интимен однос.

Таа вели дека подобро да има пари, отколку да ја загуби невиноста со некој кој подоцна нема да ја освои и ќе жали поради тоа.

„Уморна сум од чекање на принцот на бел коњ и бакнување жаби, па јас сама си одбрав овој пат“, објасни таа. „Знам дека е остро, но имам 27 години и во овој момент конечно треба да бидам паметна“, вели девојката.

Девојката од Њујорк пораснала во религиозно семејство, но одби традиционален пат „училиште, факултет, брак, а потоа семејство“. Таа го понуди своето тело, а почетната понуда била 100.000 евра.

8 работи што мажите ги кажуваат само кога навистина ве сакаат

На почетокот на врската зборовите може да бидат многу збунувачки и да ве натераат да бидете во дилема за тоа што чувствува партнерот за вас. Мажите кои ја совладале уметноста на заведувањето знаат што точно да кажат за да ве заведат. Но, овие зборови што ќе ги прочитате во продолжение имаат скриено значење и ги докажуваат љубовта и посветеноста на партнерот кон вас.

1. „Ме инспирираш.“

Секој може да ви каже дека изгледате убаво и секси. Секој може да ви каже дека ве посакува.

Но, вашата сродна душа ќе црпи инспирација од вас и ќе почне да се однесува поинаку кога ќе почнете да се состанувате. Тој ќе почне да прави долгорочни планови со вас и ќе се обиде да направи нешто повеќе со својот живот отколку што правел пред да ве запознае.

2. „Не сакам да се состанувам со некоја друга или ти да се состануваш со некој друг.“

Ова треба да биде прилично јасно. Ако тој сака да ве задржи, многу рано ќе каже дека не сака никоја друга освен вас.

3. „Би сакал да дојдеш со мене во…“

Ова може да се однесува на забавата што ја организира неговата компанија, во неговиот духовен центар, во неговиот омилен ресторан или на кое било друго место каде што ќе ве запознае со најблиските пријатели. Ако го стори тоа, тој сака да бидете вклучени во најважните делови од неговиот живот.

4. „Сакам да ти помогнам со…“

Ако тој постојано ви помага во некои обврски или поправки, тогаш тоа значи дека се грижи за вас.

5. „Сакам да те запознаам со моето семејство (или со најблиските пријатели).“

Иако можеби сè уште не ви признал дека ја планира иднината заедно со вас, тој сака да види дали неговото семејство ви се допаѓа, дали вие им се допаѓате ним и дали се чувствувате како дома таму каде што тој се чувствува како дома.

6. „Пресели се кај мене.“

Ако тој сака секој ден да бидете до него кога ќе се разбуди, тоа значи дека е многу поврзан со вас. Ако партнерот сака да биде со вас секој ден, тоа значи дека тој мисли дека вие сте вистинската и сака да го помине животот со вас.

7. „Кога ќе стапиме во брак / ќе имаме деца / ќе се преселиме на друга локација…“

Ако тој ги кажува овие работи, не само што сака да живеете заедно, туку сака да бидете покрај него кога ќе ги остварува своите главни цели.

8. „Те сакам.“

Овие три збора може да се појават во секое време од патувањето. Ако постојано ви повторува дека ве сака, тоа покажува дека е грижлив и комуникативен човек и сака да ве израдува.

Како да ги препознаете луѓето кои може да ве повредат?

Лошите односи резултираат со незадоволство на крајот. Шармот, романтиката и подароците се убави, но веднаш штом ќе забележите некои од првите знаци на себичност, подобро би било да ја барате среќата на друго место. Таквите личности не се фокусирани на вас, туку на самите себеси, а вие би можеле да бидете колатерална штета на таа врска. Иако на почетокот сè може да изгледа убаво и розово, вистинското лице излегува на виделина порано или подоцна.

Кога луѓето ќе забележат алармантни знаци, обично ги игнорираат сметајќи дека тоа е само фаза. Но, како што одминува времето, овие мали знаци може да прераснат во сериозни проблеми. Никој не е совршен, но игнорирањето на некои знаци може да ви предизвика само болка и повреда. Откријте кои личности треба да ги избегнувате.

1. Не го оставил минатото зад себе

Врската со ваков партнер може да ве повреди емоционално. Тој често може да ве споредува со некого од своето минато, а вие може да страдате поради тоа.

2. Не знае што сака

Без разлика дали станува збор за чувствата, за поврзувањето, за минатото или за што било друго, за добар однос е потребна јасност за да се постави цврста основа. Изјавите како „да не брзаме“ може да бидат многу опасни, особено ако забележите дека партнерот го прави тоа и во други ситуации.

3. Не ги исполнува вашите очекувања

Лесно е да шармирате некого и да глумите дека сè изгледа прекрасно. Но, кога е време за конкретни работи и дејства, партнерот има еден куп изговори.

4. Тој е опседнат со себе

Лесно е да забележите личност што се врти околу својата оска затоа што таа зборува само за своите проблеми и треба некој да ја слуша. Кога треба да ги слушате или да им помогнете, тие се тука, но кога ситуацијата е обратна, тие се повлекуваат или исчезнуваат.

5. Мисли дека никогаш не прави грешки

Прифаќањето вина е нормално и покажува дека сте човечко суштество. Но, оние што постојано наоѓаат оправдување, не се најискрените луѓе и имаат големо его.

6. Никогаш не е тука за вас

Треба да чекате со часови за да добиете повратна порака или повик. Овие личности се себични и стапуваат во контакт само кога тие сакаат. Со таков партнер нема никогаш да се чувствувате посебно и сакано.

Популарно