Здравствени работници кои се борат со Ковид-19 ќе добијат дополнителни 50 отсто од платата, а Инфективна и ГОБ „8 Септември“ бонус плата

ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се посвети на обновата на македонскиот здравствен систем.

ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира во здравството. Ветуваме модернизација и реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во рамки на овој проект, предвидуваме модернизација и реконструкција на Градската општа болница „8 СЕПТЕМВРИ“ која ќе функционира како дополнителен клинички центар во Скопје. Довршување на изградбата, опремување и развивање на нова модерна Клиничка болница во Штип. Предвидуваме реконструкција, модернизација и интегрирање на Клиничкиот центар во Тетово, кој ќе прерасне во модерна Универзитетска клиничка болница, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ветуваме целосна дигитализација на рецептите, упати, извештаи и резултати ќе спроведеме дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичен лекар, до добивање медицински извештаи. Електронски издадениот рецепт од лекарот ќе може да се подигне во која било аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.

Концептот на Е-ЗДРАВСТВО ќе биде да се оптимизира здравствениот систем, да се олесни работата на медицинскиот персонал, но и да се скрати бројот на физичко присуство на пациентите во здравствените установи, а во исто време да се зголеми достапноста на здравствените услуги. Здравствениот систем ќе биде оптимизиран со минимум употреба на хартија, по примерот на високоразвиените земји од Европската Унија.

Сите здравствени работници вклучени во борбата со ковид-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50% од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Дополнително, вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември“ ќе добијат уште една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.

По 15 јули почнува обновата, се вели во соооштението на ВМРО ДПМНЕ.

Видео: Полицаец удира шлаканица на момче на улицата „Партизански одреди“

Видео на кое се гледа како полицаец му удира шлаканица на момче испратиле граѓани кои биле сведоци на настанот до редакцијата на Телма.

Според нивното кажување, инцидентот се случил вчера попладне на улица „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4. Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но потоа еден од полицајците му удира шлаканица, а друг го трга на страна и вербално го напаѓа.

Во Одделот за внатрешната контролапри МВР потврдиле дека видеото стигнало и до нив утрово. Се работи на препознавање на полицајците по што ќе следува и понатамошна постапка. 

Среда, 15 јули е неработен ден за сите граѓани

Со избори на 15 јули, изборниот ден е во среда и е неработен ден за сите граѓани.

13 и 14 јули, односно понеделник и вторник, ќе бидат деновите кога ќе гласаат болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот, дома или во болници, како и граѓаните кои се во самоизолација и хронично болните граѓани.

Популарно