Како да го избришете Фејсбукот, но да ви остане месинџерот?

Ако не го сакате повеќе Facebook и сакате да го избришете профилот, но не сакате да се откажете од Messenger, затоа што ви е од корист, имате опција за употреба на Facebook Messenger и без да бидете активен член на Facebook.

При првото лансирање на Facebook Messenger ќе ви побара да се логирате или да креирате нов профил. Вие креирајте нов профил и внесете ги своите податоци. Ако сте активни и на двете места, а сакате да го избришете само Facebook, едноставно направете го тоа, затоа што Messenger ви останува активен. Во Settings на Facebook барајте ја опцијата Manage account => Deactivate your account, внесете ја лозинката и потврдете ја деактивацијата. 

Швеѓаните даваат 2.000 евра плата, а нема да работите ништо

Ако ви се допаѓа идеата да добивате плата, а да не работите ништо, можеби би требало да го погледнете овој оглас за работа во Шведска.

Уметничкиот проект, кој е финансиран од Владата, има за цел да усреќи еден кандидат и да го вработи во Гетеборг. Се што треба да направи вработениот е да се појави на железничката станица во определено време и да го вклучи осветлувањето.

Потоа може да прави што сака, но на крајот од смената повторно треба да се појави и да го исклучи.

Она што е најинтересно е тоа дека оваа работа ќе биде загарантирана до пензионирање со плата од 2000 евра, но секако ќе има и годишни зголемувања, годишен одмор и пензиски фонд.

Популарно