„Алсат“: Каде исчезнаа 350.000 евра од Министерството за надворешни работи?

Министерството за надворешни работи два дена без одговор како и зошто 355 илјади евра одобрени за една намена, потрошени се сосема за друго. Иако ветувањето на МНР беше дека денеска ќе подготват одговори на прашањата на „Алсат“ за недоследностите нотирани во извештајот на Државната ревизија за 2017 година – министерството без објаснување.

Останува неодговорено и зошто амбасадите кои не ги потрошиле парите за тековната 2017 – та не ги вратиле во Буџетот како што наложува законот. Сепак документот на ревизијата открива и други недоследности во работата на институцијата. Не било спроведено ниту оценување на ефектите на администрацијата, амбасадорите и генералните конзули.

Ревизорски извештај за МНР:

Ова предизвикува неможност од оценка на покажаните резултати на економска и политичка активност, како и раководењето на претставништвото од амбасадорите/генералните конзули, додека за административните службеници неможност за оцена во однос на квалитетот.“

Недоследности ревизијата покажала и кај спроведувањето јавни набавки за амбасадите.

Ревизорски извештај за МНР:

По спроведувањето на постапките во дипломатско-конзуларните претставништва не се склучуваат договори за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничка и финансиска понуда.“

Ревизијата открива дека во 2017 година една третина од ДПК-ата биле без амбасадор или од 57, 21 функционираат така. Дополнително бил ангажиран локален персонал за работа кој добивал плата во кеш и за ова се потрошени речиси 940 илјади евра од девизната благајна.

Извор: телевизија Алсат

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад.  

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. 

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент. 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе биде поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе достигне 6.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно