ВИДЕО: Поради огромните гради има проблем во теретана

Најпознатата плус сајз манекенка во светот, Ешли Грахам на Инстаграм објави снимка на која покажува како изгледа вежбањето ако имате големи гради.

-Никогаш не дозволив поради телото да пати вежбањето. Гради, стомак задник - ништо не може да ме спречи да сум активна и да се грижам за своето здравје - напишала Ешли во опис на видеото од теретана.

(Фото) Згодната Цеца во привлечно издание дојде по внукот Жељко

Цеца Ражњатовиќ стигна по внукот Жељко и снаата Богдана, кои денеска излегуваат од приватната болница во која се породи младата мајка.

Доктоот Миленко Пророчиќ ја породи Богдана, а интересно е тоа што тој ја породуваше двапати Цеца во минатото.

Интересно е дека Жељко дојде на денот кога е роден неговиот дедо Богдан. На денот на раѓањето на Жељко беше организирана голема прослава во вилата на Цеца, на која присуствуваа многу гости.

Ден подоцна веселба беше организирана и во Тител, каде што и таму беа пречекани голем број на гости.

Богдана и Вељко се венчаа на 24 ноември 2019 година во Белград, а претходно беа во емотивна врска две години.

(Фото) Македонската пејачка се опушти во када

Македонската пејачка Сара Костадиновска во јавноста позната како Сара Мејс често споделува фотографии на социјалните мрежи од своето семејство и приватниот живот.

Овој пат таа одлучи да сподели со фановите како се опушта  и ужива во слободно време. Таа објави фотографии од себеси во када и напиша: „Луѓето треба да се опуштат“.

(Фото) Згодните пејачки на „Ураган“ качија по некој кг: Тие работат на формата, а еве како изгледа тоа!

Ивана Николиќ, Сања Вучиќ и Ксенија Кнезевиќ кажаа дека во текот на карантинот поради вирусот се поправиле неколку килограми или поточно вкупно 21 кг и сега мора да одат на диета и напорни тренинзи.

Тие ни открија каков режим на исхрана користат за да им бидат телата во топ-форма повторно.

„Нема многу филозофија. Треба да се внесуваат протеини, салати и зеленчук како спанаќ, печурки, пиперки, зелка, брокули… важно е да јадете на три часа и да пиете најмалку три литри течност дневно.

Вирусот ни уништи се, но сега се подготвуваме напорно за да ја вратиме формата“, кажаа тие. Погледнете во продолжение на сликата како изгледа нивниот тренинг.

Популарно