Се ожени и загина во ист ден!

Марија Ј., сопругата на трагично настраданиот Марко Анѓелиќ(32) од Требиње, која загина додека ги развозувал пријателите од свадбата, се прости од него со трогателни зборови. Марија на Фејсбук ги информираше  семејството и пријатели дека погребот ќе се одржи утре.

-Мојот најсакан сопруг… Поделете понатаму за сите пријатели да бидат информирани – стои во објавата на некрологот.

Анѓелиќ загина во Мокри Долови, населба во Требиње, кога автомобилот “алфа ромео” од непознати причини излетал од патот и удри во карпа. Тој загинал на кружниот тек кој со новата обиколница е изграден пред само еден месец, па соседите велат дека можеби погрешно свртел. Во несреќата две лица се потешко, а две полесно повредени.

Марко живеел и работел во  Белград, а пред неколку дена дошол во неговиот роден град да се ожени.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно