На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 59 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп  115, во ковид центарот во Гостивар 54, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 71 пациент, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1248 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Почина Раде Гогов, првоборец во народната борба против фашизмот

Денеска почина првоборецот и носител на Партизанска споменица 1941, Раде Гогов. Тој беше учесник во Народноослободителната и антифашистичка борба во 1941 година, соопшти Сојузот на борците на Македонија.

Погребот ќе се одржи утре во 14:00 часот на Градските гробишта во Бутел.

Телеграма со сочувство до семејството испратија претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борци, Никола Стојановски и претседателот на Градскиот одбор, Трајко Стаматоски.

Приведен 36-годишен скопјанец баран со потерница

Осуден криминалец од Скопје за кого судот издал потерница, од денеска ја издржува казната во Затворот во Идризово.

Од МВР соопштија дека во 13:05 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка -Отсек за потрага на уллицата „Алексо Демниевски“ во Скопје врз основа на издадена потерница од Основен суд -Скопје 1 го приведоа Д.Б. (36) од Скопје за издржување на казна затвор од две години.

Лицето е предадено на КПУ-Затвор Идризово.

Популарно