14 годишно девојче се удави во базен

Летните горештини ја зедоа првата жртва во Битола. Според сведочење на присутните, 14-годишно девојче се удавило денеска на олимпискиот базен „Император“ во Битола, пренесува Нова Македонија.

Засега не се соопштува идентитетот на девојчето, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.

Она што изненадува е дека несреќата се случила пред повеќемина посетители, а никој не забележал ништо, дотолку повеќе што на базенот има служба за спасување која е обучлена токму за вакви ситуации.

Камерман во МТВ почина од коронавирус

Шенол Ахмети (51), камерман во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот, објавува Телма.

Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век.

Ахмети е вториот медиумски работник кој е жртва на коронавирусот во Македонија.

На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.

Семејна тра*едија: На Ацо Пејовиќ му се угушил братот!

Ацо Пејовиќ во едно интервју зборуваше за страшната грешка на докторите, кои не забележале дека има две бебиња, кога неговата мајка носела блзнаци.

Инцидентот се случил во 1976 година, а братот кој е роден го добил името Радојица.

„Иако и тогаш постоеше ултразвук, познат лекар од Белград не виде дека станува збор за две бебиња и тоа донесе до катастрофален исход, зашто едно бебе буквално се угуши“.

Братот кој преживеал имал само килограм и 400 грама на раѓање, а го добил тоа име, по позната песна, за чија храброст е испеана легенда.

„Треба да се почитува секој животи да не се дава право да го прекинеш“, кажа Пејовиќ.

Почина Атанас Ковачевски

Почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски.

Тој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар, а во последните години како портпарол на ЕВН. На неговиот фејсбук профил утринава можеше да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваа од него.

Ковачевски претходно работеше во Канал 5 и во МРТВ.

Популарно