ФОТО: Змија се пикнала во количка додека бебето спиело

Жител на Нови Сад во понеделникот бил шокиран од глетката на познатото капалиште Штранд. Таму се појавијала змија кои прилично ги вознемирија жителите на Нови Сад.

Тој изјави дека една змија се пикнала во количката на неговото бебе кое има само 4 месеци.

– Змијата се пикна додека бебето спиеше во количката. Вистинска среќа е што сопругата ја забележала на време и веднаш го извадила бебето – раскажа овој Новосаѓанец.

Тој рече дека потоа веднаш ги повикал надлежните служби.

Инаку, горештината ги „измами“ влекачите на градските улици, па тројца пациенти се наоѓаат на лекување во лесковачката болница поради каснување од змии отровници, додека еден жител на Ниш е згрижен во тамошниот Клинички центар исто така каснат од змија.

ВИДЕО: „Ало, тргни ги овие работи од плажа и излегувај од вода“

Кога некој странец би го слушнал говорот на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ за земјата како најдобра туристичка дестинација и економски „тигар“ во регионот, секако ќе посака да ја посети земјата.

За жал, ситуацијата е спротивно од тоа. Цените се над просекот, вработените се често нељубезни, како што може да се види на следното видео. Келнер во еден хотел во работна униформа и чорапи им се заканува и ги брка туристите од плажата, меѓу кои има и дете.

„Ало, излегува од вода, ало излегувај од вода“, некултурниот келнер им се обраќа на туристите и додава: „Тргни ги овие работи, тргни го ова“, растерувајќи ги туристите.

Жената на која келнерот ѝ вели да се тргне се слуша дека е Русинка, која на руски вели: „Не допирајте, тоа не е ваше“.

Погледнете:

Семејство ограбено во Грција среде бел ден

Ограбено семејство ги советува Србите да заборават на праксата после доаѓањето во Грција директно да одат во маркет, туку своите работи прво да ги остават во собите, па потоа се останато.

Крадци повторно ограбиле туристи во Грција и тоа со „суптилна“ метода, без кршење на автомобилот, така што нема ни да почувствувате дека сте ограбени додека не влезете во возилото.

-Уште еднаш ќе повториме: никаде во Грција, ни на отворена паркинзи, ни пред маркети и трговски центри, ни на прометни улици, ни на паркинзи на плажа, не оставајте техника и вредни работи без надзор во автомобилот на неколку минути - предупредува порталот „Грча инфо“.

Како што потсетуваат, кражбата вчера се случила на паркингот пред маркет во Никита.

Од гепекот на автомобилот биле украдени вредни технички работи и пари од предниот дел.

Како што пишува порталот, во последно време ги „следат“ оние туристи кои штотуку дошле на летување, бидејќи нивните автомобили се полни со работи.

ФОТО: Ова е директорката на банка која утринава беше застрелана во Белград

Љубица Мичиќ, вработена во Сбербанка, ранета е утринава рано во Ѕвездара, кога непознат маж на скутер ѝ пришол, ја тргнал кацигата и потоа испукал повеќе куршуми кон неа.

Се се одиграло кога тргнала на работа, на само дваесетина метри од зградата во која живее.

Судејќи според профилите на друштвените мрежи, Љубица работи во Сбербанка, со искуство во банкарство. Работела во повеќе приватни фирми, а од 2005 година до 2014 предавала економија во средното училиште Вук Караџиќ.

Во разговор за Курир.рс соседите откриваат дека Љубица била директорка во новобелградската филијала на Сбербанка, дека е разведена и мајка на една ќерка која во моментов е на летување.

Како штво тврдат соседите, улицата Бањска е мирна и едносмерна улица, а утринава биле изненадени кога виделе возач на скутер како влегува на улицата од спротивен правец. Кога Љубица се тргнала накај автомобилите, возачот на скутер запрел, ја тргнал кацигата и почнал да пука.

Соседите велат дека Љубица е разведена, но со сопругот е во исклучително добри односи, бидејќи имаат дете така што се сомневаат дека ова може да има врска со семејна кавга.

Прв на помош на Љубица ѝ пришол соседот кој од балкон слушнал вресок на улица, видел дека жена лежи, зграбил пешкир и истрчал да ѝ помогне.

Популарно