Пино на сон ми рече : Мамо коските се редат една по една

Мајката на Пино Секондо момчето кое исчезна и по 6 месеци беше пронајден мртов крвнички се бори за правда за нејзниот син. Таа постојано или на македонски или на италијански објавува постови со слики од Пино.

Она што Маја го објавува е нејзниот немир кој трае со месеци.

Пред некој ден го сонувам Пино и ми вели: Мамо коските се редат една по една! Ќе ги средиме. СРЦЕ на Мама тој ме води до коказите!Горспод крв не крие . Кога тогаш ќе има.. 

Послениот пост е комуникација со Ангела девојката која е во притвор и која е осомничена дека била дел од мамката во која паднал Пино за да биде убиен. Детали од истрагата откриваат морницави моменти околку нејзината улога во сценариото но мотивот се уште останува нејасен. Истрагата уште нема дадено одговори дали обична љубовна љубомора може да доведе некого во ситуација направи многу свесни чекори и свирепо убиство.

Мајката на Пино објави разговор меѓу Ангела и него

Под фотографијата пишува “Ангела Ѓорѓиевска ке лежиш во ЗАТВОР доживотно!!! Ти ветувам!!! “

Почина Панчо од ДНК

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

По пожарот, Панчо беше пренесен во болницата „Систина“, каде што го продолжи своето лекување и во изминатите месеци беше подложен на неколку операции. Тој е 63-тата жртва од пожарот во клубот „Пулс“, во кој животите вокалистот на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, придружниот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, музичарите Филип Стевановски и Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов и битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс.

Македонец до смрт претепан во Словенија

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц.

Неофицијално лицето било претепано до смрт.

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Популарно