Сега и засекогаш: Уште еден медиум се збогуваше со Тамара!

Радио Пела, единствениот електронски рурален медиум во Македонија, се приклучува кон акцијата на Радио Кавадарци и се извинува што ненамерно ги избриша сите песни изведени од Тамара Тодевска. 

Се случи, од вчера, не сакајќи сите до една песни каде што Тамара настапува да не ни се воопшто достапни во датотеката на Радио Пела, сега и засекогаш!!! 

Извини Тамара!

Велешанецот Ѓоре четири дена откако го победи Корона вирусот, а го загуби својот татко доби голема радосна вест

дна народна поговорка вели: „После дождот доаѓа сонце“. Семејството Давчевски од Велес е пример за тоа. Детски плач го стопли нивниот дом.

Само четиресет дена откако Ѓоре Давчевски го победи коронавирусот, а за жал, неговиот татко ја загуби битката, пред два дена во нивниот дом пристигна новиот член. Сопругата на Ѓоре, Сања на свет му донесе живо и здраво бебе.

Лозата се продолжува, фамилија Давчевски е побогата за уште еден член. Марко ќе продолжи онаму, каде што неговиот дедо сакаше. За жал, тој не успеа барем за миг да го види својот внук и да се израдува на своето поколение.

„Пресреќен сум. Добив син, чувство кое не се опишува со зборови. После тешкиот период за мојата фамилија и проблемите со кои се соочивме, ова е најубавата вест која можеше да случи.

Мојата сопруга ми го донесе мојот син Марко и бескрајно сум благодарен тоа. Таа е вистински херој за мене, затоа што во најтешкиот период во животот ни даде сила да продолжиме напред”, ја почна својата емотивна приказна Ѓоре Давчевски.

Ѓоре, неговата мајка и неговиот татко беа меѓу првите заразени со короанвирус во Велес. Поминаа низ вистински пе кол. Речиси месец и половина се лекуваа по болниците во Велес и Скопје.

Неговата сопруга беше единствената во семејството, која вирусот ја заобиколи. За жал, неговиот татко не ја издржа битката со оваа нова болест. Ѓоре жали што татко му не успеа барем еднаш да го гушне својот внук, да се израдува на моментите за кој мечтаеше.

“Жал ми е за татко ми. Жал ми е што не успеа да го види своето внуче, да се радува на моментите кои ги нуди животот. Жал ми е и што мојот син не доби шанса да го запознае својот дедо.

Но, длабоко во себе знам дека тој не гледа од некаде далеку и сигурен сум дека ни ја посакува целата среќа на овој свет. Јас му ветувам дека ќе го чувам неговиот внук, ќе го воспитувам по начелата по кои тој ме воспитуваше мене и ветувам дека лозата на фамилијата Давчевски нема да згасне”, вели Ѓоре.

31-годишното момче од Велес никогаш нема да ја заборави оваа 2020 година. Му донесе толку та га, но и огромна радост.

Вели дека тој и неговата мајка животот им го должат на оние, кои повеќе од дваесет дена деноноќно се грижеа за нив, на вработените лекари и медицински персонал од инфективното одделение на велешката болница, за што им благодарат до небо, како што вели Ѓоре.

Марко е роден во борба. Борба против невидлив непријател. Затоа и не можеше да добие посимболично име, кое означува борец. Од името на нашата редакција, но и сите наши читатели, му посакуваме да расте во безгрижно детство и да ги чува спомените на својот дедо, кој несомнено, ќе беше горд на него.

Дали келнерите ќе мора да завршат и курс за детективи?

Ќе бараат или не келерите документ за идентификација за да дозволат седење на четири лица на иста маса? Според новите протоколи за работа на угостителските објекти, во кои се дозволува послужување на четири лица на една маса со четири столици доколку се од исто семејство, останува недефинирано кој ќе утврдува дали лицата се семејство.

Според директорот на Државен пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, протоколите за работа на кафулињата и рестораните се донесени за да ги спроведуваат угостителите. Тие се одговорни да бараат лични карти на гостите и да ги спроведуваат мерките, и токму тие како правни лица ќе бидат предмет на контрола, пишува Република. 

Дали има двајца или четворица на маса сигурно дека тоа е одговорност на оној кој што треба да ги спроведува протоколите, а тоа се оние кои вршат угостителска дејност. Келнерот, односно газдата на угостителскиот објект е тој кој што треба да ги спроведува протоколите. Инспекторите нема да ви побараат лична карта бидејќи инспекторите не бараат лична карта на физички лица. Ние вршиме контрола согласно законот за угостителска дејост кај угостителите, рече Пауновски во одговор на прашање како ќе се увиди дали гостите се од исто семејство или од различна група на луѓе.

За ова дури се смислиле и казни. Па, така персоналот ќе добие 10 дневна едукација која ја најави претседателката на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, но, доколку се забележи дека и по едно укажување на угостител тој повторно прави прекршок, тогаш ќе се казни веднаш.

Од друга страна, пак, министерот за економија Крешник Бектеши потсети дека келнерите и остантиот персонал во угостителските објекти, не смеат да ги легитимираат гостите. Бектеши тврди дека согласно Законот за угостителска дејност нема одредба според која сопствениците, менаџерите и вработените во угостителските објекти имаат надлежност да ги легитимираат гостите.

Ние како Министерство за економија ќе пратиме писмо до до Комисијата за заразни болести, ако претходно имавме забелешки, сега и во пракса во првиот ден, откако се отворија угостителските објекти може да се види дека протоколот тешко се применува, и од страна на угостителите, и од страна на гостите. Секако, ќе бараме од Комисијата за заразни болести да ги преиспита овие одредби во протоколот за да нема заблуди и кај граѓаните, и кај угостителите, кажа Бектеши.

Додека надлежните како и по обичај си ја префрлаат топката на одговорност, кафулињата и рестораните веќе втор ден работат. Ни на гостите ни на персоналот уште не им е јасно дали прекршуваат некои од прописите. Да пијат или не кафе со маска, да се земат или не ако се само дечко и девојка?

В кафана ќе влегуваме со упатство за употреба, се смеат граѓаните.

Она што е јасно, келнер или сопственик на локал може да побара лична карта од лице само ако се сомнева дека станува збор за малолетник кој нарачува алкохол, во никој друг случај, а со овој протокол можат да се прекршат повеќе права на граѓаните.

Но, доколку, пак, на крај сепак ќе мора да се прикажуваат лични карти за едно кафе, се отвораат уште една низа други апсурности како: Што ако сте семејство со различни презимиња, што ако имате исти презимиња, но не живеете заедно, што ако сте семејство од пет лица итн итн.

На крајот, секако дека се остава на светста на граѓаните и вработените, но овој случај само ја докажува неспремноста и неспособноста на оние кои треба да нè водат. Трагедијата е што сега нивната глупост се плаќа со човечки животи.

Заразените одбиваат да кажат со кого имале контакти

Денеска се регистрирани 58 заразени од коронавирус, објави Фактор.

Ова е најмногу во еден ден новорегистрирни позитивни на КОВИД 19 од почетокот на епидемијата.

Лекарите се жалат дека новозаразените во последните неколку дена одбиваат да кажат со кого имале контакти.

Според епидемиологот, Љуљзиме Бајрами, голем број од заразените стравуваат да откријат каде биле пред да се заразат и со кого оствариле контакт. Додава дека ова уште повеќе го отежнува процесот на спречување на вирусот Ковид-19.

Љ.Б.: „Тие не ни кажуваат кој со кого имал контакт со цел да ги откриеме новите жаришта и да го спречиме ширењето на вирусот“.

ТВ21: Од кое место се овие семејства?

Љ.Б: Од Чаир, Бутел, Сингелиќ, ….

Радиологот Едмонд Вејсели, вели дека ако сакаме да го спречиме коронавирусот треба да имаме меѓусебна соработка со лекарите.

„Искрено проблем е што пациентите стравуваат да направат контрола кај лекарот, да одат да се пријават и пред сѐ да го зачуваат здравјето на нивните семејства, бидејќи ова е превентивна мерка за ширење на вирусот Ковид-19“, вели Едмонд Вејсели.

Популарно