ФОТО: Некогашниот вардарец Илија Абутовиќ стана македонски зет!

Некогашниот вардарец, Илија Абутовиќ, стана македонски зет. Ракометарот на Рајн Некар Левен викендов во Скопје ја овековечи својата љубов со Македонката Сања Стојчевска.

Како и повеќемина други ракометари, кои се решија свадбите да ги направат во овој период меѓу двете сезони, така и популарниот Ико го стори истото.

На свадбата во еден од скопските локали присуствуваа многу пријатели и роднини на младоженците, како и повеќемина соиграчи на Абутовиќ.

Видео: Горан Пандев во Италија бил „жртвата“ во скриената камера на телевизијата „Медиасет“

Погледнете го најинтересниот дел од „скриената камера“ на Пандев со превод!

Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер, во Италија бил „жртвата“ во скриената камера на телевизијата „Медиасет“.

За целата местенка да помине според предвиденото сценарио помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.

Корси е тој кој му соопштува на Пандев дека клубот решил да го продаде во Индија.

ОДИМЕ НА СВЕТСКО: Чешка се откажа, Македонија патува за Египет!

Тоа што сите со нетрпение го очекувавме се случи – Македонија ќе учествува на Светското првенство во Египет, кое започнува утре.

Македонија како прва резерва беше во исчекување за повик на Светско првенство доколку некоја репрезентација се откаже, и тоа се случи.

Репрезентацијата на Чешка се откажала од настапот поради големиот број позитивни случаи на Ковид-19, па Македонија ќе учествува на нејзиното место.

Македонија сега ќе игра во Групата Г, каде што е домаќинот Египет, Шведска и селекцијата на Чиле, која два пати ја совладавме на пријателски натпревари во Скопје.

Се огласи и претседателот на ФФМ во врска со Ангеловски и Просинечки

Српските медиуми го најавуваат хрватот Роберт Просинечки како нов селектор на Македонија, и може да се каже дека е топ тема денеска.

Просинечки е без работа откако на крајот на ноември доби отказ во турски Денизлиспор по серија лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во Купот на Турција од третолигашот Тургутлуспор.

По натписите во јавноста за ова, се огласи и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, кој ги отфрли овие натписи.

Во изјава за порталот „Порта“, Сејдини вели:

– ФФМ досега нема преговарано апсолутно со никого и нема да преговара се додека не оствари средба со актуелниот селектор Игор Ангеловски, неговиот договор истекува на 31.12. 2020 година и секако дека прв со кој ќе оствариме разговор е токму Игор.

– „Тоа се шпекулации. Не знам искрено и кој ги пласира, но можам категорично да потврдам дека Фудбалската федерација на Македонија нема преговарано со никого за селекторската позиција. Се уште имаме актуелен селектор и првата средба ќе биде со него. Апелираме до љубителите на фудбалот да не подпаѓаат на спинови пласирани се додека не се донесе конечна и официјална одлука, до тогаш имајте пријатни новогодишни и божиќни празници – вели претседателот.

Популарно