„Сам го носам својот крст“

Политичарот Саша Дујовиќ, татко на 25-годишната Јелена Шпаговиќ и 21-годишниот Момчило Дујовиќ, кои се уапсени поради сомнение дека во средината на јуни ја убиле 81-годишната Мајда Гаровиќ од Земун, рекол за Курир.рс дека како нивни родител ќе сносни морална одгоорност.

-Жал ми е за жртвата! Како родител на осомничените, сносам морална одговорност. Свесен сум за тоа и не бегам од ништо, ни од јавноста. Нека државните органи ја направат својата работа и ако се докаже дека моите деца се виновни за тоа, треба да одговараат. Свесен сум за кое дело се товарат моиоте деца - вели Дујовиќ кој потврдил дека веднаш по апсењето на својот син и ќерка дал оставка од местото заменик претседател на партијата Српска десница, како и од местото советник на Зоран Ѓорѓевиќ, министер за работа, социјални и боречки прашања.

Сега веќе поранешниот, втор човек во Српска десница не го криел својот шок поради непријатната ситуација во која се нашла неговата фамилија.

-Точно е, поднесов оставка, затоа што не би можел да работам ако се докаже дека моите деца се виновни. Целото семејство ни е на столб на срамот. Својот крст го носам сам, на својот грб, а децата, ако се виновни, нека сносат одговорност. Ве молам да ме разберете, носам голем товар. Многу сум потресен * рекол Дујовиќ.

Да потсетиме, децата на српскиот политичќар се уапсени поради убиството на пензионерката Мајда Гаровиќ, чиј запален леш, без раце, беше најден на 20. јуни во контејнер во викенд населбата Крчедина.

ВИДЕО: Продавач нокаутираше купувач со еден удар!

Видеото снимено од безбедноса камера од маркет во Москва  пренесува  неверојатна сцена кога работник нокаутирал купувач кој потоа целосно изгбил свест.

Како што се наведува, купувачот не сакал да плати одредени артикли и ја навредил касиерката. Тогаш вработениот Фикрет А. изреагирал, а му бил доволен само еден удар.

Несреќниот купувач после ударот воопшто не мрдал, бил во бесознание.

Интересно е што никој од купувачите не реагирал на ваквото однесување на работникот.

И покрај се, работникот и понатаму е вработен во овој ланец супермаркети, а купувачот е во болница.

Популарно